Никола Стојов од кочанско Оризари, млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
РЕГИОН
3 мин читање
Никола Стојов од кочанско Оризари, млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајдиСо овој инструмент почнува интензивно да се дружи пред 16-17 години. На 17 години ја изработил и првата гајда на професионален начин. тој е предводник и на фолклорниот ансамбл Осоговски извор со кој има освоено бројни награди во државата и странство.
Nikola Stojov / TRT Balkan MK

Никола Стојов од кочанско Оризари е млад чувар на македонската традиција и култура. Тој изработува и свири на гајди. Со овој инструмент почнува интензивно да се дружи пред 16-17 години. На 17 години ја изработил и првата гајда на професионален начин. За ТРТ Балкан зборува за љубовта кон овој инструмент.

„Кога почнува да свири има некој убав звук кој секој не може да го доживее и не може да го почувствува. Гајдата ми е еден од најубавите македонски инструменти. Немаше кој да ме изучува да свирам на гајда. Целото тоа изучување на гајда јас сам пробував, некои тонови вадев”, вели Никола.

Потоа започнал и со изработка на овој инструмент. Го објаснува процесот на правење на гајдата и нејзините најважни делови. Изборот на кожата од кој се прави гајдата е многу важен.

„Kожата може да се изработува од овча кожа или од козја кожа, јагнешка или јарешка. Јас го имам увидено тоа дека јарешката кожа е поквалитетна од јагнешката кожа. Затоа што јарешката кожа е подебела, а помало е влакното, а на јагнешката кожа има повеќе волна, а кожата е тенка”, вели Никола.

Околу неа следува цела процедура која мора да се испочитува за да се добие посакуваниот инструмент.

„Откако ќе ја земеме кожата прво треба да ја насолиме. Ситна сол се става и треба да отстои одреден период. Едно кило сол во една кожа оди. И откако солта ќе ја испереме има процес на сушење на кожите. Кожата се суши до одредена влажност и тогаш доаѓа процесот на врзување на главини. Главини се посебни делови кои се врзуваат на кожата во коишто после влегуваат елементите од гајдата. Од два до три дена па до една недела треба да се направи една кожа доколу не е ладно времето”, објаснува Никола.

Гајдата има и бучало и гајдарка која е главниот дел на гајдата на којашто се свири мелодијата.

„ Гајдарката е составена од кривуле долу. Кривулето треба да биде изработено од рог, од коска од говедо. Меѓутоа затоа што сега нема толку стока е малку помодерно време, ги изработуваме од дрво. Исто така и дувало преку коешто дуваме за да го надуваме мевот. И овде во нашиот крај во осоговијата ставаме исто така и слагарче. Писките исто така се главниот дел на инструментот. Џабе ни е целата гајда ако немаме писки, а писката се изработува рачно од трска. Ако сакаме да изработиме квалитетна гајда, без брзање квалитетната гајда се изработува во период од 15 до 20 дена”, изјави Никола.

Тој освен што изработува и свири на гајди тој е предводник и на фолклорниот ансамбл Осоговски извор со кој има освоено бројни награди во државата и странство. Љубовта кон фолклорот особено од осоговијата ја пренесува и на герациите кои доаѓаат по него. Вели дека помошта од државата треба да биде соодветна.

„Јас како изработувач на гајдата имам поднесувано неколку пати проект за помош. Затоа што за да се изработи овој прекрасен инструмент јас имам потреба од машини. Тие машини линат многу пари. Јас имам набавено некои машини, но тие се стари машини и се изработени машини. Сега има посовремеи и многу поубави, но не можеме да ги дозволиме. Треба да има барем маку помош од државата и за гајдата и за ансамблот. Ако не се фолклорните ансамбли ќе изумре и гајдата”, вели Никола.

Инаку традиционална изработка и свирење на гајда“ се впишани на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото во 2024 година. Тоа се случи по мултинационалната номинација, поднесена од Македонија и Туркије. 

 

 

 

 

 

  

 

Повеќе
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил
Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени
Радомир Саичиќ од Студентската листа: Ова е победа на храброста над стравот
Вучиќ го призна изборниот пораз
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Речиси 59.000 домаќинства и натаму без електрична енергија по бурите во Франција
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Нетанјаху нареди целосна блокада на Хеброн и окупираниот Западен Брег