Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на Ју Тјуб.
Цртаниот филм има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување.
„Децата растат во дигитален свет. Затоа наша заедничка обврска е да им помогнеме да го користат интернетот паметно, безбедно и одговорно. Едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамки на проектот МКСафеНет- Центар за побезбеден интернет, на креативен и разбирлив начин ги запознава најмладите со важни правила за заштита на интернет, одговорно однесување и препознавање на ризици во дигиталниот простор. Ова е содржина што треба да ја погледнат децата, но и родителите и наставниците- затоа што дигиталната безбедност започнува со едукација, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Видеото е достапно на македонски јазик, а дополнително е подготвено и на албански и англиски јазик, со цел содржината да биде достапна до поширока публика.
Анимираниот цртан филм може да се погледне на следниот линк:




















