| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Амбасадата на Туркије и МАТУСИТЕБ организираа ифтарска програма во Штип
На програмата присуствуваа турскиот амбасадор во земјава, Фатих Улусој, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, муфтијата на Штип, Насир Реџепи и други гости.
Амбасадата на Туркије и МАТУСИТЕБ организираа ифтарска програма во Штип
Амбасадата на Туркије и МАТУСИТЕБ организираа ифтарска програма во Штип / AA
пред 12 часа

Амбасадата на Туркије во Скопје и Сојузот на турски невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ) вчера организираа ифтарска програма во Штип.

На ифтарот, организиран во еден ресторан во Штип, присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, муфтијата на Штип, Насир Реџепи, претставници на турските институции и организации во земјата, политичари, турски граѓани во Северна Македонија, како и турски студенти кои студираат во Штип.

Амбасадорот Улусој во своето обраќање истакна дека турската заедница дава значаен придонес во развојот на климата на единство и братство во Северна Македонија, која се темели на етничкото и културното богатство.

Тој нагласи дека една од човечките врски меѓу Туркије и Северна Македонија се и младите Турци кои студираат во земјата, додавајќи дека „студентите придонесуваат за економијата на градовите каде што се образуваат, како и за културната разновидност“.

Улусој потсети дека деновиве Фондацијата за верски прашања на Туркије (ТДВ) ја отвори за богослужба, за време на месецот Рамазан, најголемата џамија во Северна Македонија, изградена во Скопје, и ги повика сите да ја посетат.

Од своја страна, Јорданов изрази задоволство што учествуваше на овој ифтар како знак на меѓусебна почит, соживот, единство и солидарност, нагласувајќи дека „ова е доказ за соработката што ја имаме и која ќе ја продлабочиме во периодот што следи“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирското претседателство на ЕУ со приоритет на односите со САД
Европа бара нови платни системи за да ја намали зависноста од САД
ЕУ ја додава Иранската револуционерна гарда на листата на терористи, замрзнува средства
Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да бидат водени од добрососедството и конструктивната соработка
Лавров ја потврди поддршката за преговари во услови на тензии меѓу САД и Иран
Путин го назначи Сергеј Вершинин за нов руски амбасадор воТуркије
Трамп размислувал да си го додели Конгресниот медал на честа за посета на Ирак во 2018
Туркије може да помогне да се претворат климатските ветувања во акција на COP31
Германскиот министер за надворешни работи предупредува против тоа Европа да се оддалечи од САД
Фидан: Туркије е подготвена да придонесе за Газа „на секој можен начин“
Одборот за мир го претстави планот за повоена Газа: Обновата на енклавата почнува во Рафах
Ердоган: Туркије ги неутрализира заканите на нивниот извор надвор од своите граници
Северна Кореја распоредува 50 нови лансери за нуклеарни ракети
Русија е подготвена да го прими збогатениот ураниум од Иран
Воена помош од Шведска за Украина вредна 1,4 милијарди долари