| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени
Неговите забелешки дојдоа откако Луиз Инасио Лула да Силва обезбеди четврти последователен мандат како претседател на Бразил, победувајќи го сенаторот Флавио Болсонаро во вториот круг во недела со 51,79% или повеќе од 64 милиони гласачки ливчиња
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени
Ми се допаѓа Лула, одлично се согласуваме, но сметам дека пребројувањето на гласовите со продолжување на гласањето остави лош впечаток, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ја доведе во прашање регуларноста на последниoт круг на претседателски избори во Бразил, на кои во неделата победи левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, опишувајќи го гласањето како „наместено“ и „корумпирано“, без да даде докази за да ги поткрепи тврдењата.

Во разговор со новинарите на пат кон митинг во Коринт, Мисисипи, Трамп беше прашан дали верува дека изборите во Бразил, кои завршија со втор круг во недела, биле „фер“.

„Па, мене ми изгледаа ужасно. Мислев дека изгледаат ужасно“, рече Трамп, додавајќи дека не зазема страна.

„Искрено, изгледаа како уште еден наместен избор“, рече тој.

Неговите забелешки дојдоа откако Луиз Инасио Лула да Силва обезбеди четврти последователен мандат како претседател на Бразил, победувајќи го сенаторот Флавио Болсонаро во вториот круг во недела со 51,79% од важечките гласови, или повеќе од 64 милиони гласачки ливчиња, во споредба со 48,21% на Болсонаро.

Претседателот повтори дека не поддржал ниту еден кандидат, ниту зазел став на изборите, додека продолжи да го критикува спроведувањето на гласањето.

„Ги гледав изборите. Изгледаа толку, толку корумпирано, толку ужасно“, рече Трамп.

Сепак, Трамп избегна конкретен одговор кога беше прашан дали планира да преземе некакви чекори во врска со резултатот во Бразил.

„Јас не се кандидирам во Бразил, се кандидирам во САД“, рече Трамп.

„Ми се допаѓа Лула, одлично се согласувам со него. Само сметам дека начинот на кој се пребројуваа гласовите- со продолжувањето на гласањето- остави многу лош впечаток.“

Болсонаро се пожали на нерегуларности откако гласањето беше продолжено за два часа, на барање на Лула, поради проблеми со транспортот во некои градови.

И покрај блискоста со семејството Болсонаро, Трамп покажа и неочекувана наклонетост кон Лула, изјавувајќи дека, и покрај бурните трговски односи, тој и ветеранот на левицата (двајцата на 80-годишна возраст) имаат „одлична хемија“.

Во меѓувреме, Флавио во понеделникот изјави дека судија од Врховниот суд му забранил да го напушти Бразил.

Ова се случи еден ден откако тој ги загуби претседателските избори во земјата и одби да го признае поразот.

„Добив налог да ги предадам пасошите, а исто така ми е забрането да ја напуштам земјата“, рече тој во видео објавено на Инстаграм. Синот на поранешниот лидер Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во затвор, го осуди како „јасен обид за заплашување“.

Сенаторoт е под истрага поради наводна корупција и перење пари при финансирањето на биографски филм за неговиот татко. Тој негира каква било вина.

Болсонаро повтори дека ќе бара поништување на изборите, тврдејќи дека продолжувањето на времето за гласање во неделата му одело во прилог на Лула- иако, всушност, и самиот ја побарал таа мерка.

Сепак, тој вети и дека ќе застане на чело на отпорот против владата на Лула.

„За да се спротивставам на хаосот, ќе ја организирам опозицијата“, рече Болсонаро.

Повеќе
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил
Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени
Радомир Саичиќ од Студентската листа: Ова е победа на храброста над стравот
Вучиќ го призна изборниот пораз
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Речиси 59.000 домаќинства и натаму без електрична енергија по бурите во Франција
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Нетанјаху нареди целосна блокада на Хеброн и окупираниот Западен Брег