| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Мицкоски по средбата со Кошта: Без билатерални условувања за членство во ЕУ
„Јасно ја пренесов нашата позиција дека Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања“, напиша Мицкоски
Мицкоски по средбата со Кошта: Без билатерални условувања за членство во ЕУ
Мицкоски по средбата со Кошта: Без билатерални условувања за членство во ЕУ / Влада на РСМ
пред 2 часа

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Минхен каде е дел од годишната безбедносна конференција, по средбата со Антониот Кошта претседателот на Европскиот совет порача дека земјата е посветена на членството во ЕУ но, без понатамошни билатерални условувања.

„Јасно ја пренесов нашата позиција дека Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања“, напиша Мицкоски.

Тој дополни дека „отворено и искрено разговарале за европската перспектива на Македонија“, како и за спроведувањето на реформите и предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

„Нашата Влада работи на суштински реформи: владеење на правото, борба против корупцијата, економска стабилност и подобар животен стандард за граѓаните. Европската иднина не е само политичка цел, таа е избор за подобра држава“, порача Мицкоски.


Повеќе
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“
Бангладеш: Изборен триумф на Националистичката партија, лидерот се враќа по 17-годишен егзил
Две третини од Европејците сметаат дека нивните земји се под закана
Вучиќ по завршувањето на посетата на Туркије: Исклучително продуктивни разговори со Ердоган
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за НАТО мисијата “Арктичка стража”
Поранешниот норвешки премиер Јагланд обвинет за сериозна корупција за наводни врски со Епстин
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Епштајн имал скриени камери во куќата, дури и во кутии за марамчиња
Јапонија уапси кинески капетан откако брод беше пресретнат кај покраината Нагасаки
САД го поништија научното откритие дека емисиите на стакленички гасови го загрозуваат здравјето
САД тајно испратиле околу 6.000 терминали на Старлинк во Иран
Франческа Албанезе: Нема да поднесам оставка, земјите да се фокусираат на моите извештаи
Мисајловски во Брисел: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик
Ердоган најави посета на Србија: Туркије никогаш не го занемарува Балканот