Министерството за трговија на САД ги укина контролите за извоз на моделите Клауд Фејбл 5 (Claude Fable 5) и Митос 5 (Mythos 5) на стартапот за вештачка интелигенција Aнтропик, соопшти компанијата во вторник.
„Добивме известување дека Министерството за трговија ги укина контролите за извоз на Клауд Фејбл 5 и Митос 5 . Ќе започнеме со враќање на пристапот утре и наскоро ќе споделиме ажурирање. Благодарни сме на нашите корисници за нивното трпение и на сите што работеа со нас на повторно распоредување на моделите“, напиша Антропик на X.
Министерот за трговија Хауард Лутник рече дека неговата агенција соработувала директно со компанијата за да ги одобри моделите за објавување.
„Во текот на изминатите две недели, тесно соработувавме со Антропик за да го анализираме и одобриме Фејбл 5 за да обезбедиме усогласување во рамките на Владата на САД и да го зајакнеме лидерството на Америка во вештачката интелигенција“, напиша Лутник на X.
Aнтропик го оневозможи пристапот до Митос и Фејбл на 12 јуни по одлуката на владата за контрола на извозот, која беше донесена од причини поврзани со националната безбедност.
Компанијата минатата недела соопшти дека владата дозволила Клауд Фејбл 5 да биде достапен за „доверливи“ американски организации.








