| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Водата во Гостивар останува небезбедна за пиење
Штом ќе имаме три последователни резултати кои ќе покажат исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш водата ќе може да се користи и за пиење, ијави министерот Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи
Водата во Гостивар останува небезбедна за пиење
Тој апелираше граѓаните максимално да ја испуштаат водата од чешмите во домовите за побрзо прочистување на примарните и секундарните цевководи

Водата од градскиот водовод во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и останува наменета само за техничка употреба, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи, најави дека во наредниот период ќе има зајакнати контроли на квалитетот на водата од страна на повеќе надлежни институции.

„Штом ќе имаме три последователни резултати кои ќе покажат исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш на граѓаните на Гостивар ќе им соопштиме дека водата може да се користи и за пиење, а не само како техничка вода, како што е случај во моментов“, изјави Тошковски.

Водата во Гостивар е забранета за пиење од 17 јули, откако инстутуциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се речиси 5.000 граѓани, од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во градот.

Од 27 јули водата во Општина Гостивар може да се користи како техничка вода, односно може да се користи за бањање и за сите останати потреби во рамки на домаќинството, но сѐ уште не може да се користи за пиење.

Тошковски, кој е и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, денеска кажа дека уште се на сила препораките од институциите, бидејќи сè уште варира квалитетот на водата и не е на соодветно ниво за да може да се користи за пиење.

„Цело време се хиперхлорира водаата, достигнува и до максимумот на дозволено законско ниво на хиперхлорирање. На сите точки коишто се преземаат и се користат како мерни единици за контрола е утврдено присуство на хлор и тоа е добро во рамки на фазата на прочистување на цевковниот систем. Но пожелно е, и тоа го прават службите од ‘Водовод’ Скопје и од Гостивар, вршат почесто испирање на сите оние точки каде што може да се изврши испирање. Добро би било исто така и секој еден граѓанин којшто е сопственик на одредена недвижност да ги испушти, да ја испушти тековната вода којашто е во рамките на системот со цел да имаме колку што е можно побрзо прочистување освен на примарните цевководи, така и на секундарните“, кажа Тошковски.

Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и инспекциските служби ќе го зголемат континуитетот на мерењата на квалитетот на водата во Гостивар. До стабилизирање на состојбата ќе продолжи и дистрибуцијата на флаширана вода за граѓаните. Според Тошковски, досега преку Владата се доставени околу 580.000 литри вода.

На прес-конференцијата беше соопштено дека во одреден број примероци е констатирано и присуство на бактеријата Протеус мирабилис, која најчесто се појавува во биофилмови во водоводните системи како последица на стоење на водата и намалена употреба во претходниот период.

Од Министерството за здравство информираа дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

Според официјалните податоци, вчера биле регистрирани 78 прегледи, што е за шест помалку во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Повеќе
Бројот на жртви од јунските земјотреси во Венецуела надмина 6.000
Одборот за мир: Нема повлекување на Израел од Газа пред разоружувањето на Хамас
Најмалку пет лица загинаа во напад со дронови врз Московската Област
Повторно прекинато снабдувањето со електрична енергија во Куба
Фидан разговараше за глобалните кризи со повеќе министри за надворешни работи
Шефот на турската разузнавачка служба со лидерот на Хамас разговарале за мировниот план за Газа
Склучете договор или предадете се, му порача Трамп на Иран
Пакистан сака да ги обнови преговорите меѓу Иран и САД
Над 65 илјади евакуирани во пожарите во Вашингтон, изгорени 700 домови
Коалиција на 25 американски сојузни држави со тужба против новите царини на Трамп
Шефицата на ЕУ бара единство по немирите во Сеута
Ерменскиот парламент го избра Рубен Рубињан за претседател
Сајбер напад: Протекоа податоци на 100.000 британски полициски службеници
Во несреќа со шатл автобус загинаа 6 лица, а 34 се повредени во централна Италија
Туркије: Израел намерно ги поткопува напорите за постигнување мир во Газа