| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Предвремени парламентарни избори на Косово на 7 јуни
Членовите на косовското собрание не успеаја да изберат нов претседател до 28 април, рокот утврден од Уставниот суд, што ја натера земјата да влезе во процес на одржување предвремени парламентарни избори во рок од 45 дена.
Предвремени парламентарни избори на Косово на 7 јуни
Kosovo's acting president Haxhiu announces snap election date, in Pristina / Reuters

Вршителот на должноста претседател Албулена Хаџиу распиша предвремени парламентарни избори во Косово за 7 јуни, во одлука што ја објави денеска.

На прес-конференција, Хаџиу рече дека ја донела одлуката откако ги проценила уставните рокови, организациските потреби на Централната изборна комисија (ЦИК) и важноста на што е можно пошироко учество на граѓаните во изборниот процес.

„Сега одговорноста е на сите, институциите да организираат уреден, транспарентен и кредибилен процес, политичките субјекти да се натпреваруваат одговорно и со почит кон граѓаните, а граѓаните да го одредат идниот правец на земјата со својот слободен глас“, рече Хаџиу.

На прашањето дали нејзиното име ќе биде вклучено во изборната трка во рамките на Движењето Самоопределување, со оглед на функцијата, таа одговори дека ќе ги усогласи сите свои дејствија со Уставот и законот.

„Можам да бидам кандидат, на органите на Движењето Самоопределување е да одлучат за тоа“, додаде таа.

Мнозинството од косовските парламентарни политички партии, за време на состанокот со Хаџиу, изразија поддршка за одржување на изборите на 7 јуни, датум претходно предложен од Централната изборна комисија.

Членовите на косовското собрание не успеаја да изберат нов претседател до 28 април, рокот утврден од Уставниот суд, што ја натера земјата да влезе во процес на одржување предвремени парламентарни избори во рок од 45 дена.

Повеќе
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Фидан: Во ЕУ нема политичка волја за членството на Туркије
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата
Средба Фон дер Лајен – Маѓар во Брисел: Унгарија наскоро ќе добие средства од ЕУ
Путин предложил прекин на огнот во Украина на 9 мај, а Трамп ја прифатил идејата
Зеленски објави санкции за руски функционери и бродови кои се користат за извоз на руски енергенси
Мерц: Слободниот транзит по глобалните морски линии е клучен за економски успех
Ердоган повика на единство и братство во услови на регионалните предизвици
Силјановска Давкова- Пармелан: Швајцарија е еден од нашите најголеми донатори
Израел постави рок од две недели за постигнување договор со Либан