Првиот Македонец кој ги истрча петте престижни европски маратони
СПОРТ
2 мин читање
Првиот Македонец кој ги истрча петте престижни европски маратониМаратонот се трча 30 километри со нозе, 10 километри со глава, два километри со срце и 200 метри со солзи, раскажува Александар Стоичовски.
Aleksandar Stoicovski

Кој вели дека на 40 години е доцна да започнете да трчате и да живеете здраво? Александар Стоичовски со овој спорт започнал да се занимава рекреативно поради прекумерната тежина. Неколку години подоцна го имал истрчано и првиот маратон. А 12 години подоцна тој ги има истрчано сите најелитни маратони на европско ниво. Има медал и од шесте маратони во светски рамки, World Maraton Majors.

Неговата атлетска приказна започнала без големи очекувања. Започнал со мали дистанци со цел да се потрошат калори. Упорноста го донела каде што е сега.

„Некако наједноставно ми беше ајде ќе излезам, ќе облечам едни патики, ќе пробам да трчам. Така и беше во почетоците. Излегов, со тие некои патики кожни кои си ги имав, единствени. Истрчав километар-два. Тешко беше дишењето, тешко беше враќањето. Малку ја накачив километражата 2,3,4. И продолжи се тоа така до пријавувањето на првата трка којашто ја видов”, вели Стоичовски во разговор за ТРТ Балкан.

Првата трка од пет километри му била во 2015 во Делчево. Една година потоа веќе настапил на полумаратон, а во 2020 истрчал маратон во Скопје. Денес е единствениот Македонец кој ги истрчал петте престижни европски маратони, Копенхаген, Лондон, Рим, Мадрид и Лисабон. Трчал и во Њујорк, Бостон, Токио.

„Ти застануваш рамо до рамо со 50-60 000 тркачи од ширум светот. Од сите континенти од сите бои, од различни култури, а сите сте со иста цел да го истрчате маратонот. Њујорк важи за еден од потешките маратони со потешки патеки, бидејќи има нагорнини, надолнини, Бостон исто така е маратон на кој има искачувања. Лисабон, беше прекрасно да се трча покрај океанот, но имаше педесетина пати качување спуштање. Њујорк важи за најмасовен настан во светски рамки бидејќи има над два милиолни публика и околу 50 до 60 000 трчачи”, вели Стоичовски.

Тој објаснува како се чувствуваат маратонците во последните 200 метри од маратонот.

„Маратонот се трча 30 километри со нозе, 10 километри со глава, два километри со срце и 200 метри со солзи. Тука сите емоции се на максимум. Тие 200 метри се се заборава. И на болката што била претходно”, раскажува маратонецот.

Александар направи и неколку регионални подвизи. Трчаше од Охрид до Поградец и од Делчево до Благоевград. Има истрчано 18 маратони. Валенсија и Севиља се негови следни предизвици, а размислува и за маратонските трки во Подгорица и Верона.

Повеќе
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил
Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени
Радомир Саичиќ од Студентската листа: Ова е победа на храброста над стравот
Вучиќ го призна изборниот пораз
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Речиси 59.000 домаќинства и натаму без електрична енергија по бурите во Франција
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Нетанјаху нареди целосна блокада на Хеброн и окупираниот Западен Брег