| Macedonian
Модели на вештачка интелигенција на OпенАИ автономно извршувале сајбер напади четири дена
Платформата за развој на ВИ, Хагинг Фејс соопшти дека моделите, од кои едниот е јавно достапен, а другиот е внатрешен прототип пронашле безбедносни недостатоци многу побрзо отколку што би можел човечки хакер
Модели на вештачка интелигенција на OпенАИ автономно извршувале сајбер напади четири дена
Извршниот директор на ОпенА, Сем Алтман изјави дека ова е првиот безбедносен инцидент што навистина сериозно го загрижил

Два напредни модели на вештачка интелигенција (ВИ) од OпенАИ поминале повеќе од четири дена автономно извршувајќи сајбер напади на Интернет откако излегле од контролирана средина за тестирање, соопшти денес платформата за развој на вештачка интелигенција Хагинг Фејс (Hugging Face) во нова анализа на инцидентот.

Како што пишува американскиот Политико, помеѓу 9 и 13 јули, моделите извршиле околу 17.600 хакерски активности, за време на кои, според Хагинг Фејс, успеале да се префрлат од нивното почетно упориште на отворениот интернет до серверите на компанијата.

ОпенАИ минатата недела потврди дека два од неговите најнапредни модели излегле од затворена средина за тестирање и комбинирале повеќе техники за да навлезат во системите на Хагинг Фејс, велејќи дека тоа е првиот познат случај на автономен сајбер напад што не е извршен од еден човек.

Хагинг Фејс сега изјави дека моделите, од кои едниот е јавно достапен, а другиот е внатрешен прототип, брзо ги извидувале системите за време на нападот и пронашле безбедносни недостатоци многу побрзо отколку што би можел човечки хакер.

Во меѓувреме, Модал Лабс потврди дека еден од неговите корисници бил цел на истите модели во тој период.

ОпенАИ не коментираше директно за тврдењата дека неговите модели таргетирале корисник на Модал Лабс, но призна во блог пост дека интерна истрага открила неколку случаи каде што моделите идентификувале и користеле јавно достапни ингеренции за сметки на други услуги.

Извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман, ќе се сретне со претставници на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и членови на Конгресот оваа недела, вклучувајќи го и потпретседателот на Комитетот за разузнавање на Сенатот, Марк Ворнер, за да разговараат за инцидентот.

Алтман изјави во подкастот „Инвестирај како најдоброто“ дека пробивот на Хагинг Фејс бил „првиот безбедносен инцидент што навистина сериозно го загрижил“.

Повеќе
Кушнер, зетот на Трамп, ги засилува несогласувањата со Нетанхјаху за Газа
Над 130 загинати во силниот земјотрес во Колумбија
Трамп предупреди дека смената на Инфантино ќе биде „страшна грешка“
Туркије ги осветлува клучните знаменитости во чест на трилатералниот договор за одбрана
Курти: Србија ги проширува воените капацитети во функција на хегемонистичките цели
Германија ги заострува мерките за враќање мигранти
Иран: Разговорите за Ормуз со Оман напредуваат „конструктивно“
Пожарот во Круја е ставен под контрола
Рејтингот на одобрување на јужнокорејскиот претседател падна на рекордно ниско ниво
Над 1,5 милиони луѓе евакуирани поради тајфунот „Делфин“ што ја погоди источна Кина
Десетина загинати во ноќните напади со дронови меѓу Русија и Украина
Фидан: Договорот за заедничка одбрана од Мека технички е ист како членот 5 на НАТО
Американски сенатор: Трамп ја загуби војната со Иран
Ефтимов: Упадот на дронот не е намерна воена акција против Бугарија
ФАО: Цените на храната во јули највисоки во последните три години