Кина го лансираше товарниот вселенски брод „Тианжу-10“ за да достави залихи до вселенска станица „Тиангонг“ што орбитира околу Земјата.
Кинеската вселенска агенција за мисии со човечки екипаж соопшти дека вселенското летало е лансирано со ракетата „Долг марш-7“ од лансирната станица Венчанг на островот Хаинан, објави новинската агенција „Синхуа“.
Лансирањето, со кое вселенското летало успешно се смести во планираната орбита, ја означи 641-та транспортна мисија извршена со употреба на ракети „Долг марш“.
Товарниот вселенски брод, кој носи основни резерви, материјали за експерименти и гориво, ќе обезбеди поддршка за снабдување на екипажот на таиконаутите што моментално е стациониран на вселенската станица.
Кинеската вселенска станица Тиангонг е опремена со ротирачки екипажи од три тајконаути. Персоналот се транспортира до станицата со вселенскиот брод Шенжоу, додека залихите се доставуваат со товарниот вселенски брод Тианжу.











