| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
ЕУ одобри рекордна исплата од 8,8 милијарди долари за Украина
Исплатите во рамките на овој инструмент се поврзани со „Планот за Украина“, во кој се утврдени приоритетите на Киев за закрепнување, обнова и модернизација, како и реформите усогласени со целите за пристапување кон Европската унија
ЕУ одобри рекордна исплата од 8,8 милијарди долари за Украина
ЕУ одобри рекордна исплата од 8,8 милијарди долари за Украина / Social Media
 

Во понеделникот, Европската унија (ЕУ) ја одобри својата досега најголема поединечна исплата за Украина во рамките на „Инструментот за Украина“ (Ukraine Facility), со што се отвора патот за исплата на речиси осум милијарди евра како поддршка за напорите на Киев за закрепнување и реформи, пренесува Анадолу.

Од Советот на ЕУ соопштија дека оваа исплата следува откако Украина исполнила повеќе од 20 цели поврзани со реформи, кои опфаќаат области како што се правосудството, антикорупциските мерки, борбата против перењето пари, финансиските пазари, енергетиката и дигиталната трансформација.

Според Советот, приближно пет милијарди евра од оваа сума потекнуваат од средства обезбедени преку заеми за поддршка на Украина.

Целта на овие средства е да се зајакне макроекономската стабилност на Украина, да се поддржи обновата и модернизацијата, да се одржат јавните услуги и да се унапредат реформите, се наведува во соопштението.

Исплатите во рамките на овој инструмент се поврзани со „Планот за Украина“, во кој се утврдени приоритетите на Киев за закрепнување, обнова и модернизација, како и реформите усогласени со целите за пристапување кон Европската унија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, заблагодарувајќи им се на Европската комисија и на Европскиот совет за одобрувањето на исплатата. Тој ѝ се заблагодари на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за нејзините „лични напори да се забрза подготовката на оваа исплата“, имајќи ги предвид растечките буџетски потреби на Украина пред почетокот на зимата и засилените руски напади.

„Важно е да се напомене дека оваа одлука доаѓа откако Украина исполни повеќе од 20 реформски обврски, што потврдува дека Украина го реализира она за што се договоривме со ЕУ“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.

„Од клучно значење е овој напредок да се одрази и преку отворањето на преостанатите два преговарачки кластери за пристапување кон ЕУ“, додаде тој.

„Инструментот за Украина“, воспоставен во март 2024 година, обезбедува повеќе од 50 милијарди евра преку грантови и заеми за поддршка на закрепнувањето, обновата и модернизацијата на Украина во периодот до 2027 година.

Повеќе од 40 милијарди евра се наменети за реформи и инвестиции во рамките на „Планот за Украина“, при што исплатите се условени со напредокот во исполнувањето на поставените цели. Оваа најнова исплата ќе го зголеми вкупниот износ исплатен на Украина во рамките на планот на над 40 милијарди евра од средината на 2024 година, соопшти Советот.

Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите