| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Нетанјаху преговара со Ајзенкот за влада на национално единство без учество на партијата на Бен Гвир
Мандатарот за новата израелска влада, лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот изјави дека Ликуд може да се приклучи на владата само ако ги прифати неговите декларирани принципи и се дистанцира од екетремистите Бен Гвир и Безалел Смотрич
Нетанјаху преговара со Ајзенкот за влада на национално единство без учество на партијата на Бен Гвир
Според весникот Израел Хајом, и Вашингтон бара исклучување на партијата Еврејска моќ на Бен Гвир од евентуала широка коалиција / Reuters Arkiv
 

Соработниците на израелскиот премиер во заминување, Бенјамин Нетанјаху, му соопштиле на тимот на лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, дека би прифатиле влада на национално единство без партијата на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, објави во неделата весникот „Израел Хајом“.

Според весникот, соработниците на Нетанјаху рекле дека Ликуд нема да инсистира на вклучување на партијата Оцма Јехудит (Еврејска моќ) ако почнат преговори за формирање широка коалиција. Тие, исто така, им соопштиле на претставниците од блокот на Ајзенкот дека Вашингтон бара исклучување на Оцма Јехудит.

Сепак, Ликуд негираше дека пренел такви пораки.

Пратеничката на Оцма Јехудит, Тали Готлив, изјави дека извештајот ги потврдува предупредувањата на нејзината партија за намерите на Нетанјаху, пренесува весникот.

„Што има ново? Уште за време на кампањата велевме дека премиерот бара влада на национално единство со Ајзенкот, но без Оцма Јехудит“, рече таа.

Пријавената понуда е во спротивност со изборното ветување на Нетанјаху дека ќе ја зачува својата сојузничка коалиција со десничарските партнери, меѓу кои се Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич.

Нетанјаху повикува на формирање влада на национално единство, додека Ајзенкот се обидува да состави коалиција со која би можел да го заврши неговото владеење. Ајзенкот изјави дека Ликуд може да се приклучи на влада предводена од него само доколку ги прифати неговите декларирани принципи и се дистанцира од екстремистичките политички сили.

Претседателот Исак Херцог официјално му го довери мандатот за формирање влада на Ајзенкот на 8 ноември.

Блокот на Ајзенкот има 48 од вкупно 120 места во Кнесетот, блокот на Нетанјаху има 53, а арапските партии имаат 19 пратенички места, што значи дека ниту еден од двата блока нема доволно места за самостојно владеење.

Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите