Новачани наместо Швајцарија – Фармата на Велче обезбедува егзистенција за целото семејство
РЕГИОН
2 мин читање
Новачани наместо Швајцарија – Фармата на Велче обезбедува егзистенција за целото семејствоВелче Црвенов одгледува овци од расата Асаф со шпанско потекло. Овие овци даваат голема количина на млеко со висок квалитет во текот на целата година. Велче започнал со одгледување овци пред три години кога се вратил од печалба во Швајцарија.
Velce Crvenov / TRT Balkan MK

Високо квалитетно млеко во текот на целата година од специфична раса на овци со шпанско потекло. Ова можете да го најдете кај Велче Црвенов од велешко Новачани. Приказната на Велче со чувањето овци започнала пред три години по неговото враќање од Швајцарија каде заминал на печалба. Немал никакво искуство со овчарството. Овци чувал единствено таткото на неговата сопруга.

Семејството не сакало да се пресели во Швајцарија. Затоа и тој решил да се врати.  

„Не се пронајдов јас во тој свет. Фамилијава не сакаа да дојдат таму. Викаат ај тато врати се во Македонија, не е лошо и тука има живот. Викам јас ако се вратам во Македонија имам друг план, сакам овци да си чувам”, вели Велче.  

Планот набргу му се реализирал. Во близина на местото каде некогаш таткото на неговата сопруга чувал овци, тој ја направил новата штала во што му помогнала млекарницата „Бучен Козјак” каде има обезбеден пласман на млекото. Заедно со сопругата го започнале семејниот бизнис. На почетокот имале 27 овци, а сега имаат близу 200. 

Се одлучил за овци од расата Асаф кои бараат шталско чување. Една овца при молзење дава околу два литри млеко дневно.

„Прво и основно ни беше намерата да обезбедиме ваква раса на животни за да можеме дома да си ги гледаме. Овие бараат малку подобра храна, поголемо внимание околу здравјето, нормално условите ако се добри, вода да имаат пред нив и нормално овцата знае да ве награди”, изјави Црвенов.

Млекото се молзе и обработува по највисоки стандарди.

„Млекото се молзе машински. Светлина не гледа млекото. Директно од овцата, од вимето, директно си оди право во лактофризер. Со двеста грла овци едно четиричлено семејство мислам дека комотно можат да живеат, ако се сите ангажирани” објаснува Црвенов.

Велче ги охрабрува и младите да влезат во овој бизнис. Има и еден апел до граѓаните. 

„Ако може да ги користат македонските производи. Со тоа можат многу да помогнат на земјоделците и на сточарите. Ќе знаат и што јадат и дека е посвежо и поквалитетно А со тоа ќе се зголеми и сточниот фонд, а и државата ќе има бенефит” вели Велче.

Повеќе
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил
Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени
Радомир Саичиќ од Студентската листа: Ова е победа на храброста над стравот
Вучиќ го призна изборниот пораз
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Речиси 59.000 домаќинства и натаму без електрична енергија по бурите во Франција
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Нетанјаху нареди целосна блокада на Хеброн и окупираниот Западен Брег