| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
УЕФА: Бојкотот на Светското првенство е сè уште на сила
Предлозите за продажба на големи натпреварувања мораше да се повлечат, а овој, како и другите услови од страна на ФИФА не се исполнети поради што бојкотот на Светското првенство останува во сила, соопшти УЕФА откако ФИФА му даде подршка на Инфантино
УЕФА: Бојкотот на Светското првенство е сè уште на сила
ФИФА вчера ја призна грешката во врска со предлогот за ФФЕ, но додаде дека повеќе нема да толерира никакви напади врз нејзиниот интегритет

Неколку часови откако ФИФА објави дека актуелниот претседател Џани Инфантино сè уште има целосна поддршка од раководството на федерацијата, Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) објави дека бојкотот на Светското првенство е сè уште на сила.

Инфантино е под притисок повеќе од една недела, откако на 28 јули првпат се појави контроверзниот план за продажба на удели на приватни инвеститори во компанијата што требаше да го организира Светското првенство.

Планот беше отфрлен од УЕФА и две други континентални конфедерации, а УЕФА објави дека нејзините 55 земји-членки ќе ги бојкотираат натпреварувањата на ФИФА сè додека планот не биде отфрлен и не се донесе одлука дека таквата идеја никогаш повеќе нема да се разгледува.

Управниот одбор на ФИФА во среда му ја даде поддршката на Инфантино на состанокот во Мароко, но европското фудбалско тело во четврток соопшти дека тоа не променило ништо.

„Членките на УЕФА беа многу јасни во врска со условите поврзани со најавеното повлекување од натпреварувањата на ФИФА. Прво, предлозите за продажба на големи натпреварувања мораше да се повлечат, а второ, мораше да се дадат гаранции дека обидите за фрагментирање на фудбалскиот систем на овој начин никогаш нема да се повторат. Овие услови не се исполнети“, се вели во соопштението на УЕФА.

Дополнително, УЕФА јасно стави до знаење во своето соопштение во саботата дека ја изгубила довербата во претседателството на Џани Инфантино, а тој став сè уште важи.

„Вчерашната објава дека некои луѓе вработени кај претседателот на ФИФА (и чии кариери зависат од неговата наклонетост) се согласуваат со него не менува ништо“.

УЕФА беше особено гласна во своето противење на влијанието на приватните инвеститори врз спортот, поради стравувањата дека тие би можеле да инсистираат на поголеми и почести настани.

Инфантино планираше да основа компанија наречена ФИФА Форвард Ентерпрајс (ФФE) за управување со комерцијалните и оперативните аспекти на своите натпреварувања, вклучувајќи ги Светските првенства за мажи и жени и Светското клупско првенство.

Најконтроверзниот детаљ беше намерата да се продаде 20% удел во компанијата на приватни инвеститори.

ФИФА минатата недела потврди дека Трив Етернал, основана од Џошуа Кушнер, брат на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, е назначен да ја води инвестициската група.

Потезите на Инфантино предизвикаа верижна реакција на губење на довербата во шефот на ФИФА и повлекување на поддршката за неговата нова кандидатура на претседателските избори следната година.

Фудбалската асоцијација на Велс беше првата што ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Инфантино, по што следеа националните асоцијации на Англија, Србија, Шведска и Финска.

Во вчерашното соопштение, ФИФА призна грешки во справувањето со предлогот за ФФЕ и дека „не била намерата да се исклучи Советот на ФИФА или асоцијациите членки од процесот“.

Беше ветена проверка на справувањето со предлогот за ФФE, иако во соопштението се вели дека „сè што е направено е целосно во согласност со регулаторната рамка на ФИФА“.

Во соопштението, исто така, се вели дека ФИФА „повеќе нема да толерира никакви напади врз нејзиниот интегритет, добро управување и правична постапка и ќе преземе сите потребни мерки за да го заштити своето име и углед“.

Повеќе
Нападот врз еден е напад врз сите, велат Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан во одбранбениот пакт
Австралиската Викторија воведе карантин за живина поради зголемени случаи на птичји грип H5N1
Австралија ја заврши вежбата „Пич Блек 2026“
Див мајмун фатен во Индонезија откако повреди 17 лица
СБОН го осуди самоубиствениот бомбашки напад во Пакистан кој одзеде 16 животи
17 јеменски војници убиени во ракетни и дронски напади на Хутите
Главниот преговарач на Иран ја критикува „театарската дипломатија“ на САД
Загина напаѓачот кој отвори оган во училиште во Тајланд и усмрти двајца ученици
Претседателот Ердоган отпатува за Саудиска Арабија за средби на највисоко ниво
Туркије предупреди на регионално прелевање на кризата, повика на обновени преговори меѓу Иран и САД
Поднесено обвинение против 20 лица за воени злосторства против цивилното население во Ѓаковица
Туркије почна кампања „Национална солидарност“, со акцент на 2,3 билиони долари цена на тероризмот
Авион што носел муниција за Украина цел на нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг?
Шумските пожари во Европа досега предизвикаа вкупна штета од над 19 милијарди евра
Мо Салах го заврши трансферот во Трабзонспор со договор од 19,6 милиони долари по сезона