Екипажот на американскиот напаѓачки хеликоптер „Апачи“ што се урна во близина на Ормутскиот Tеснец е спасен, објавија американските медиуми.
Причината за инцидентот е непозната и сè уште не е јасно дали хеликоптерот бил погоден од ирански оган, претрпел механички дефект или се соочил со некој друг проблем.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека членовите на екипажот се во добра состојба.
„Пилотите се добро, никој не е повреден. Утре ќе објавиме извештај, но со пилотите се е во ред“, рече Трамп.
Американската војска распореди хеликоптери „Апачи“, вооружени дронови „МК-9 Рипер“ и борбени авиони „Ф/А-18“ и „Ф-35“ како дел од операцијата на Централната команда на САД, насочена кон спротивставување на она што го нарекуваа ефикасно затворање на Ормутскиот Теснец од страна на Иран за поголемиот дел од комерцијалниот поморски сообраќај.
Од почетокот на војната на 28 февруари, Иран собори околу 30 дронови „Рипер“, додека неколку американски воени авиони беа изгубени од непријателски или пријателски оган. Доколку се потврди, ова ќе биде првиот хеликоптер „Апачи“ изгубен во конфликтот.











