Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин (59), ја објави својата кандидатура за нов мандат на чело на чадор организацијата на европскиот фудбал на состанокот на програмата TEP на УЕФА во Берлин во четврток.
Чеферин ја презеде функцијата претседател на УЕФА во 2016 година, кога го замени Мишел Платини, а потоа беше реизбран двапати.
Иако претходно објави дека нема намера да се кандидира за четврти мандат, Чеферин се предомисли бидејќи сака да обезбеди стабилност во УЕФА во време кога таа решително се спротивставува на начинот на кој Џани Инфантино ја води Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).
Изборниот конгрес на УЕФА ќе се одржи напролет следната година.
Иако УЕФА силно го критикува Инфантино, досега не истакнала ниту поддржала противкандидат кој би му се спротиставил на првиот човек на Фифа на изборите за нов претседател во март 2027 година.
Сепак, поранешниот играч на Тотенхем, Рамон Вега, денеска ја објави својата кандидатура за претседател на ФИФА на изборите следната година, станувајќи првиот кандидат кој јавно потврди дека ќе го предизвика Џани Инфантино.
55-годишниот Вега е поранешен швајцарски репрезентативец кој играл и за Селтик и Вотфорд. Тој го напушти професионалниот фудбал во 2004 година за да работи во финансискиот сектор.





















