| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Тошковски: Бошњаците придонесуваат да имаме држава со европски вредности
„Бошњачката заедница ја сочинуваат лојални граѓани, граѓани кои ја сакаат својата татковина и кои со својата работа, посветеност и со своите семејства придонесуваат да имаме држава која во себе ги носи европските вредности.“
Тошковски: Бошњаците придонесуваат да имаме држава со европски вредности
Тошковски: Бошњаците придонесуваат да имаме држава со европски вредности / Other


Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците! Нема поголеми и помали луѓе, нема позначајни и помалку значајни заедници. Тоа е основата на сето она што во себе го носи Македонија и токму во тоа е значајниот придонес на бошњачката заедница во нашата држава. Ова беше пораката која ја упати македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на свеченоста во Скопје со која беше одбележан 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците.

„Бошњачката заедница ја сочинуваат лојални граѓани, граѓани кои ја сакаат својата татковина и кои со својата работа, посветеност и со своите семејства придонесуваат да имаме држава која во себе ги носи европските вредности. Сите македонски граѓани ги заслужуваат сите човекови права, заслужуваат достоен однос од институциите и заслужуваат да бидат еднакви во рамките на една европска Македонија. Имаме уште многу работа пред нас, но со работа, труд, посветеност, чесност и резултати можеме да оставиме подобра татковина за нашите деца“, истакна Тошковски во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, споделувајќи ги фотографиите од одбележувањето на Денот на Бошњаците во Скопје.

„Сигурен сум дека секој од вас го почитува својот мајчин јазик, својата култура и својата традиција, но истовремено ја сака и Македонија. Токму почитувањето на различностите и заедничката љубов кон татковината се вредностите што нè обединуваат.Сите ние заедно можеме да покажеме дека сме пример за мултикултурно и мултиетничко општество кое заслужува да биде дел од европското семејство“, нагласи Тошковски.

На настанот одржан во Филхармонија, присуствуваа бројни министри, претставници на владини институции, градоначалници, претставници на невладиниот сектор, како и гости од земјите од регионот.

Свое обраќање на свеченоста имаше и Националниот координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка во Владата, Салко Куч. По пригодните обраќања следуваше пригодна културна програма.

Бошњаците во земјава го одбележаа Меѓународниот ден на Бошњаците со низа настани од информативен, едукативен и културен карактер, испраќајќи ја пораката дека и тие се дел од мултиетничкиот мозаик на општеството и имаат исклучителен придонес во развојот на земјата во сите нејзини сфери.

Со измените на Законот за празници, 8. февруари 2007 година во Собранието на Република Македонија, 28 септември (Денот кога на Бошњачкиот сабор во Сараево 1993 година е вратено националното име Бошњак) прогласен е за Ден на Бошњаците во земјава.


ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Регионалната конференција за фемицид: Секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки свирепо убиени
Кина очекува следниот ген-сек на ОН да биде „компетентен, непристрасен и праведен“
Гаши ја предводи собраниската делегација во посета на Саудиска Арабија
Претседателката Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Елиф Ералп го тужи германскиот министер за внатрешни работи поради обвинувања за антисемитизам
Двајца загинати во Киев по руските напади, меѓу кои и државјанин на Азербејџан
Калас: Русија планира уште саботажни акции против Европа
Полскиот министер Сикорски: На Русија ѝ недостигаат сили за голем напад врз НАТО
Ердоган: Карабах ќе остане азербејџанска територија
Кина и САД договорија пониски царини за стоки вредни 30 милијарди долари
Сирија разби ќелија на ИСИС (Даеш) која подготвувала бомбашки напади
Четворица Палестинци загинаа во израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Осум американски маринци повредени во Ормутскиот Теснец
Трамп по самитот со Ши: Постигнавме огромен напредок со Кина
Александар Вучиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Србија пред предвремените избори