| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Растат трошоците за живот
Трошоците на живот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4,8 %, а цените на мало раст од 5,6 %.
Растат трошоците за живот
Растат трошоците за живот / AA

Трошоците на живот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4,8 %, а цените на мало раст од 5,6 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во мај во однос на април годинава изнесува 0,6 %.

Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во следните групи: Транспорт за 1,6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1,0 %, Рекреација, спорт и култура за 0,9 %, Информации и комуникации за 0,7 %, Ресторани и услуги за сместување за 0,5 %, Здравствена заштита, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,1%.

Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, намалување на трошоците на живот е забележано во групите Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,4 % и Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,1 %.

Трошоците на живот во групите Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во мај годинава во однос на април се зголемени за 0,8 %.


ИЗВОР:AA
Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел