| Macedonian
Жената осомничена за шпионирање на директорот на Нвидиа влегла во Тајван од каде ѝ се губи трагата
Тајванската министерка за внатрешни работи, Лиу Ши-фанг, изјави дека Алис Хуанг влегла во земјата користејќи пасош од Хонгконг, за чии носители генерално е полесно да влезат во Тајван отколку за носителите на пасоши од континентална Кина
Жената осомничена за шпионирање на директорот на Нвидиа влегла во Тајван од каде ѝ се губи трагата
Одборот на Нвидиа во неделата објави дека отворил истрага против Јенсен Хуанг
 

Алис Хуанг, која е обвинета за шпионирање за Кина додека била во љубовна врска со првиот човек на Нвидиа, Џенсен Хуанг, влегла во Тајван користејќи пасош од Хонгконг, соопшти во средата тајванската агенција за имиграција. Властите го истражуваат случајот.

Џенсен Хуанг потврди дека имал љубовна врска со Алис Хуанг-поранешна кинеска раководителка во компанијата Мегаспид (Megaspeed) со седиште во Сингапур, за која американските власти веруваат дека работела за кинеските разузнавачки служби. Пекинг ги отфрли обвинувањата за шпионажа.

Управниот одбор на Нвидиа во неделата објави дека започнал истрага против Џенсен Хуанг, извршниот директор и коосновач на компанијата (кој не е во роднинска врска со Алис Хуанг).

Тајван ги преиспитува процедурите за влез

„Релевантните владини агенции се целосно запознаени со соодветните евиденции и информации“, изјави за новинарите Лин Хонг-ен, генерален директор на Националната агенција за имиграција, потврдувајќи дека Алис Хуанг користела пасош од Хонгконг за влез во Тајван.

„Бевме свесни за сите нејзини евиденции за влез и излез“, рече тој.

За носителите на пасоши од Хонгконг генерално е полесно да влезат во Тајван отколку за носителите на пасоши од континентална Кина, кои мораат да побараат и посебна дозвола за патување таму.

Дополнителните ограничувања делумно се должат на сложените односи меѓу Кина и Тајван; Пекинг полага право на Тајван и вети дека ќе го стави под своја контрола.

Тајванската министерка за внатрешни работи, Лиу Ши-фанг, им изјави на пратениците во парламентот дека Алис Хуанг „навистина влезе во земјата, но моментално се наоѓа во странство“.

„Да знаевме дека е шпионка, сигурно немаше да ѝ дозволиме да влезе во Тајван“, рече Лиу.

„Ќе ги преиспитаме нашите процедури, особено прелиминарните проверки, ненајавените контроли и интервјуата, како и мерките по завршувањето на посетата“, додаде таа.

Лиу изјави дека дозволата на Алис Хуанг е поништена, со што се оневозможува таа повторно да влезе во Тајван.

Во вторникот, Лиу изјави дека тајванските служби за национална безбедност активно го истражуваат случајот.

Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите