| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
„Нема повеќе Господин фино момче“: Трамп со пушка во нова закана кон Иран
Трамп го предупреди Техеран „подобро да се опамети наскоро“, бидејќи напорите на Вашингтон и Техеран за прекин на непријателствата се чини дека се во застој
„Нема повеќе Господин фино момче“: Трамп со пушка во нова закана кон Иран
Трамп наводно им наложил на помошниците да се подготват за продолжена блокада на Иран / Reuters

„Иран не може да се смири. Не знаат како да потпишат договор кој не е нуклеарен. Подобро да се опаметат наскоро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Вистина (Truth Social) во среда.

Тримп сподели илустрација од себе како носи црно одело и очила за сонце додека држи автоматска пушка, со експлозии во ирански пејзаж зад него, со натпис „Нема повеќе Господин фино момче“.

Пораката доаѓа непосредно пред закажаното прво сведочење на шефот на Пентагон, Пит Хегсет, за војната во Иран.

Трамп наводно им наложил на помошниците да се подготват за продолжена блокада на Иран во вторник.

Тој процени дека неговите други опции, да продолжат со бомбардирањето или да се откажат од конфликтот, носат поголем ризик отколку одржувањето на блокадата.

САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари, што го натера Техеран да одговори со напади врз она што го опиша како американски интереси низ целиот регион, многу од нив во земјите од Заливот.

Прекин на огнот беше објавен на 8 април преку посредништво на Пакистан, по што следеа разговори одржани во Исламабад на 11 и 12 април, но преговорите завршија без договор.

Трамп подоцна рече дека примирјето е продолжено на барање на Пакистан, во исчекување на предлог од Техеран.

Тој сигнализираше во понеделник дека е малку веројатно да го прифати најновиот предлог на Иран за завршување на војната откако Техеран предложи план за повторно отворање на Ормускиот теснец, оставајќи ги прашањата за неговата нуклеарна програма за подоцнежни преговори.

Повеќе
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита
Зеленски: Ќе разговараме со САД дали предлогот за примирје на Русија е вистински
Командантот на КФОР вели дека Туркије е меѓу главните придонесувачи во мисијата на НАТО на Косово
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Фидан: Во ЕУ нема политичка волја за членството на Туркије
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата
Средба Фон дер Лајен – Маѓар во Брисел: Унгарија наскоро ќе добие средства од ЕУ
Путин предложил прекин на огнот во Украина на 9 мај, а Трамп ја прифатил идејата
Зеленски објави санкции за руски функционери и бродови кои се користат за извоз на руски енергенси
Мерц: Слободниот транзит по глобалните морски линии е клучен за економски успех