| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Инфантино добива противкандидат- поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега
Фудбалот секогаш мора да биде на прво место, но, поделбите го разделуваат нашето фудбалско семејство предолго, сегашното раководство го деморализираше спортот, додека лошото управување го оштети кредибилитетот на ФИФА, рече Вега
Инфантино добива противкандидат- поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега
И покрај критиките кон Инфантино, УЕФА, КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација не истакнаа противкандидат
 

Поранешниот играч на Тотенхем, Рамон Вега, ја објави својата кандидатура за претседател на ФИФА на изборите следната година, станувајќи првиот кандидат кој јавно потврди дека ќе го предизвика Џани Инфантино.

55-годишниот Вега е поранешен швајцарски репрезентативец кој играл и за Селтик и Вотфорд. Тој го напушти професионалниот фудбал во 2004 година за да работи во финансискиот сектор.

„Се кандидирам за повторно обединување на глобалното фудбалско семејство, спроведување вистински и трајни реформи, модернизирање на ФИФА и враќање на стабилноста, кредибилитетот и довербата што очајно му се потребни на нашиот спорт“, рече Вега во изјавата во која ја објави својата кандидатура, според Би-Би-Си.

Минатиот месец, Инфантино изјави дека е „целосно посветен на водењето на ФИФА“, и покрај повиците од УЕФА, КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација да поднесе оставка.

Вега, исто така, размислуваше да се кандидира за претседател на ФИФА во 2015 година, по суспензијата на тогашниот претседател Сеп Блатер.

Четири години подоцна, тој ја објави својата намера да го предизвика Инфантино, но не успеа да ја обезбеди потребната поддршка за да влезе во трката. Во тоа време, за кандидатура била потребна поддршка од најмалку пет од 211-те национални асоцијации на ФИФА.

„Се кандидирам затоа што животот ме подготви да му служам на фудбалот“, рече Вега.

Тој нагласи дека фудбалот не им припаѓа на претседателите, конфедерациите или администраторите, туку на играчите, тренерите, судиите, навивачите, клубовите, лигите, асоцијациите и заедниците низ целиот свет.

„Фудбалот секогаш мора да биде на прво место. Сепак, поделбите го разделуваат нашето фудбалско семејство предолго. Сегашното раководство го деморализираше спортот, додека лошото управување го оштети кредибилитетот на ФИФА и довербата на целото фудбалско семејство“, тврдеше Вега.

Поранешниот швајцарски репрезентативец, исто така, нагласи дека конфликтите во фудбалската администрација не смеат да ги загрозат играчите, тренерите, судиите и навивачите.

Повеќе
Леброн стана третиот најдобар асистент во НБА рушејќи го рекордот на Кид
Лукаку ја заврши репрезентативната кариера
Кедев влезе во Гинис: Најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри
Маурисио Покетино е нов тренер на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед го отпушти Карик
ФИА: Трките во Формула 1 во Катар и Абу Даби ќе се одржат и покрај регионалните тензии
Почина Џевад Прекази, легендата на Партизан и Галатасарај
Кристијано Роналдо се пензионира од репрезентацијата на Португалија
Шпански фудбалер почина по тежок судир со голман на натпревар во Тенерифе
АФК го одложи Азискиот куп во 2027 година во Саудиска Арабија за речиси една година
Атлетичари од Кенија и Етиопија победници на Истанбулскиот маратон
Картал повеќе не е тренер на Фенербахче
Хари Кејн ја освои „Златната топка“ за 2026 година
Азиската фудбалска конфедерација го поддржа Инфантино за нов претседателски мандат во ФИФА
Британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон, повика на „Слобода за Палестина“
Првиот Македонец кој ги истрча петте престижни европски маратони
Јалчин наследник на Монтела на клупата на Туркије
Златниот допир на Салах го потопи Бешикташ, а Трабзонспор оствари значаен триумф од 2:0
Дејли Мејл: Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Премиер лигата
Португалската фудбалска федерација го суспендира Роналдо на 30 дена и го казни со 255 евра