| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Бурнам: Преиспитувањето на договорот за Брегзит со ЕУ може да ги обедини луѓето
Би сакал Обединетото Кралство повторно да ѝ се придружи на ЕУ во текот на мојот живот, но нема да им ги наметнувам своите лични ставови на граѓаните, изјави британскиот премиер Енди Бурнам во интервју за емисијата „Добро утро Британија“
Бурнам: Преиспитувањето на договорот за Брегзит со ЕУ може да ги обедини луѓето
За време на интервјуто Барнам ги отфрли и шпекулациите за предвремени општи избори, велејќи дека нема да има избори „во скоро време“

Британскиот премиер Енди Бурнам изјави дека преиспитувањето на односите на Велика Британија со Европската Унија (ЕУ) би можело да помогне во обединувањето на луѓето, истовремено нагласувајќи дека одлуката за евентуално повторно вклучување во Унијата треба да ја донесат британските граѓани.

Во денешното интервју за емисијата „Добро утро Британија“ на ИТВ, Бурнам рече дека би сакал Обединетото Кралство повторно да ѝ се придружи на ЕУ во текот на неговиот живот, но нагласи дека нема да им ги наметнува своите лични ставови на граѓаните.

„Реков- ќе бидам искрен- дека би сакал да видам тоа да се случи во текот на мојот живот, но нема да одам пред граѓаните. Нема да ги наметнувам сопствените ставови. Мора да се погрижите британските граѓани да бидат тие што одлучуваат“, рече тој.

На прашањето дали се гледа себеси како премиер кому му е судено да ја врати Британија во ЕУ, Бурнам одговори: „Искрено, не.“

Тој рече дека негов приоритет е прагматичен пристап кон предизвиците со кои се соочува земјата, додавајќи: „Сметам дека моја задача е да бидам прагматичен во однос на целата ситуација. Може ли да ги подобрам работите? Може ли да придонесам за раст на британската економија?“

Бурнам ги отфрли сугестиите дека повторно ја отвора дебатата за референдумот за Брегзит, со што наводно би го прекршил ветувањето дадено за време на кампањата за дополнителните избори во изборната единица Мејкерфилд.

Наместо тоа, тој повторно го истакна својот став дека Велика Британија треба да ги преиспита договорените односи со ЕУ по Брегзит, велејќи дека сегашното решение не функционира.

Тој, исто така, оцени дека попрактична и поотворена дискусија за Брегзит би можела да помогне во надминувањето на политичките и општествените поделби што опстојуваат од референдумот во 2016 година.

„Ако повторно се навратиме на Брегзит и разговараме за него на попрактичен начин, ако бидеме искрени за тоа, тоа може да почне да ги обединува луѓето што гласале различно“, рече тој.

„Поделбите низ кои поминавме во изминатата деценија навистина мора да завршат и треба да ги обединиме луѓето.“

Бурнам рече дека разгледувањето на односите на Обединетото Кралство со Европа е неопходно за да ѝ се даде јасна насока на земјата.

„Се обидувам да ѝ дадам насока на земјата, а тоа е невозможно без повторно да се навратам на односите со Европа и да кажам: ‘Погледнете, еве неколку можности како да ги поставиме работите правилно’.“

Тој повторно ја отфрли можноста да се залага за повторно приклучување кон ЕУ пред следните општи избори.

Исклучена можноста за предвремени избори

За време на интервјуто Бурнам ги отфрли и шпекулациите за предвремени општи избори, велејќи дека нема да има избори „во скоро време“.

На прашањето дали ја подготвува јавноста за предвремени избори, тој одговори: „Не, ја исклучив таа можност.“

Запрашан дали тоа е конечна одлука, Бурнам рече дека јасно го изнел својот став уште пред конференцијата на Лабуристичката партија.

„Едноставно, не мислам дека луѓето сакаат уште една расправија за минатото. Мислам дека сакаат да си ја работам работата“, рече тој.

Водителите повторно го отворија прашањето кон крајот на интервјуто, по што Бурнам повтори дека предвремените избори не се дел од неговите планови.

„Не размислувам за тоа [предвремени избори]. Не знам дали тоа се пренесува како таков впечаток, но навистина не размислувам за тоа. Нема да има избори во скоро време. Луѓето може слободно да ја отфрлат таа можност од своите мисли“, рече тој.

Повеќе
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил
Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени
Радомир Саичиќ од Студентската листа: Ова е победа на храброста над стравот
Вучиќ го призна изборниот пораз
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Речиси 59.000 домаќинства и натаму без електрична енергија по бурите во Франција
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Нетанјаху нареди целосна блокада на Хеброн и окупираниот Западен Брег