| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Срдановиќ, носителот на „Студентската листа“, апелираше до граѓаните да останат смирени и достоинствени во текот на остатокот од изборниот процес, како и по него
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство

Илија Срдановиќ, носителот на „Студентската листа“, ги повика граѓаните на Србија да не посегнуваат по никаков вид насилство.

Во видео-порака објавена на Инстаграм, Срдановиќ апелираше до граѓаните да останат смирени и достоинствени во текот на остатокот од изборниот процес, како и по него.

„Изборите сè уште не се завршени, а изборните резултати не се прогласени. Мораме да останеме достоинствени до самиот крај. Не посегнувајте по никаков вид насилство. Ова е барање од вашата ’Студентска листа‘ и вашето студентско движење“, изјави Срдановиќ.

Неговиот апел следеше откако група граѓани упаднаа во српскиот медиум „Информер“ барајќи од раководството да се извини за упатените навреди во текот на изборната кампања, додека главниот уредник Драган Вучичевиќ тврдеше дека медиумот се држи во заложништво и бараше полициска интервенција, опколен од демонстрантите.

Нападот врз „Информер“ беше осуден и од Александар Вучиќ претседател на СНС кој го призна изборниот пораз, додека пак претставниците на „Студенти во блокада“ порачаа дека не поддржуваат упади во медиуми и институции, ниту повикуваат на такви постапки.

Повеќе
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил
Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени
Радомир Саичиќ од Студентската листа: Ова е победа на храброста над стравот
Вучиќ го призна изборниот пораз
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Речиси 59.000 домаќинства и натаму без електрична енергија по бурите во Франција
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Нетанјаху нареди целосна блокада на Хеброн и окупираниот Западен Брег