| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Бензините од полноќ поевтини, дизелот поскапува за еден денар
Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар
Бензините од полноќ поевтини, дизелот поскапува за еден денар
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за еден денар и ќе изнесува 99,50 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука од 27.7.2026 година.

Од 00:01 часот на 5 август, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за еден денар и ќе изнесува 99,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,680 денари за килограм, со што неговата максимална цена ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека во пресметката е применета намалена акциза од два денари за литар кај бензините и од четири денари за литар кај дизелот. Утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%.

Повеќе
Бројот на жртви од јунските земјотреси во Венецуела надмина 6.000
Одборот за мир: Нема повлекување на Израел од Газа пред разоружувањето на Хамас
Најмалку пет лица загинаа во напад со дронови врз Московската Област
Повторно прекинато снабдувањето со електрична енергија во Куба
Фидан разговараше за глобалните кризи со повеќе министри за надворешни работи
Шефот на турската разузнавачка служба со лидерот на Хамас разговарале за мировниот план за Газа
Склучете договор или предадете се, му порача Трамп на Иран
Пакистан сака да ги обнови преговорите меѓу Иран и САД
Над 65 илјади евакуирани во пожарите во Вашингтон, изгорени 700 домови
Коалиција на 25 американски сојузни држави со тужба против новите царини на Трамп
Шефицата на ЕУ бара единство по немирите во Сеута
Ерменскиот парламент го избра Рубен Рубињан за претседател
Сајбер напад: Протекоа податоци на 100.000 британски полициски службеници
Во несреќа со шатл автобус загинаа 6 лица, а 34 се повредени во централна Италија
Туркије: Израел намерно ги поткопува напорите за постигнување мир во Газа