Петнаесет годишната Изабела Зајков од Радовиш освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое се одржува во Солун, Грција.
На шампионатот на кој се пријавени 1.600 натпреварувачи, Зајков успеа да го освои третото место во својата категорија.
Бронзениот медал претставува значаен успех за младата македонска спортистка, но и за македонското самбо, кое на светската сцена доби уште еден успешен настап.
Со овој резултат, Зајков стана првата Македонка со медал од Светско првенство во самбо.
Со освоениот медал, Зајков ја претставува земјата на едно од најзначајните натпреварувања во кадетската конкуренција.
ИЗВОР:TRT Balkan





















