Стартапот за вештачка интелигенција „Опен АИ“ одлучи да излезе на берза, со предлог за издавање на почетна јавна понуда на хартии од вредност, кој е доставен и до американските финансиски регулатори.
Опен АИ очекува рекордна капитализација, додека е во тесна трка со останатите компании кои исто така планираат да излезат на берзата.
„Неодамна поднесовме доверлив предлог кој очекуваме да протече, па затоа сега сами го објавуваме. Сè уште не сме одлучиле за времето; можеби ќе потрае бидејќи има работи што сакаме да ги направиме, а кои веројатно се полесни како приватна компанија“, соопшти Опен АИ.
„Но, тоа е комплициран сет на компромиси и ова ни дава можност да излеземе на берза порано ако тоа се покаже како најдобро“, додаоа од компанијата.
Конкурентската фирма за вештачка интелигенција Антропик на 1 јуни соопшти дека поднела доверлива документација за јавна понуда на акции.
Сем Алтман, извршниот директор на Опен АИ, по објавата за ИПО на Антропик изјави дека конкуренцијата во областа на вештачката интелигенција не е за да се стигне до Вол Стрит.
„Мислам дека постои трка за испорака на најдобрата технологија, изградба на најдобриот бизнис, но знаете, излегувањето на берза е настан за финансирање и не мислам дека тоа е нешто на кое треба да се грижиме за тајмингот“, рече тој.












