Кина потврди дека Си Џинпинг ќе се сретне со Трамп и Путин, Нетанјаху преговара за влада за национално единство без паертијата на Бен Гвир, Естонија ја затвора границата со Русија. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 16 ноември.
Кина потврди дека Си ќе се сретне со Трамп и Путин
Министерството за надворешни работи на Кина во понеделникот потврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг подоцна оваа недела ќе одржи трилатерален самит со своите колеги од САД и Русија.
Си, рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат во Шенжен во четврток, на маргините на 33-тиот состанок на економските лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), изјави портпарол на Министерството за надворешни работи.
Нетанјаху преговара со Ајзенкот за влада на национално единство без партијата на Бен Гвир
Соработниците на израелскиот премиер во заминување, Бенјамин Нетанјаху, му соопштиле на тимот на лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, дека би прифатиле влада на национално единство без партијата на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, објави во неделата весникот „Израел Хајом“.
Според весникот, соработниците на Нетанјаху рекле дека Ликуд нема да инсистира на вклучување на партијата Оцма Јехудит (Еврејска моќ) ако почнат преговори за формирање широка коалиција.
Арагчи: Иран е посветен на дипломатијата, САД избраа поинаков пат
Иран останува посветен на дипломатијата и мирните решенија, но САД избраа поинаков пат, обележан со агресија и економски притисок, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи на 30. состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за економска соработка (ЕКО) во Исламабад,
Тој тврдеше дека иранските операции биле насочени исклучиво кон воените објекти и бази на оние што го напаѓаат Иран, нагласувајќи дека тие не треба да се сметаат за дејства против соседните влади или нивните народи.
Естонија ја затвора границата со Русија
Естонија ќе ги затвори сите гранични премини со Русија од 1 декември, изјави во недела министерот за надворешни работи на балтичката држава по сомнителниот обид за саботажа врз естонска одбранбена компанија, за што Талин ја обвини Москва.
Русија редовно ги отфрла обвинувањата од европските власти за нејзина вмешаност во саботажни операции.
САД и 9 партнери потпишаа договор за обезбедување на синџирите на снабдување со ВИ
САД и девет земји-партнери потпишаа договор вчера за зајакнување на безбедноста на критичните технологии и синџирите на снабдување што ја поткрепуваат вештачката интелигенција (ВИ), според американскиот Стејт департмент.
Декларацијата од Сан Франциско за безбедни темели на траен просперитет ја потпишаа САД, Австралија, Индија, Израел, Јапонија, Јужна Кореја, Катар, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
