Иран ги осуди санкциите на САД за амбасадорот во Либан, САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска, германските болници цел на сајбернапад. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 22 Мај.
Иран ги осуди санкциите на САД врз назначениот амбасадор во Либан
Иран денеска ги осуди новите санкции на САД насочени кон неговиот назначен амбасадор во Либан, како и кон неколку либански политички, воени и безбедносни претставници.
Во соопштението, иранското Министерство за надворешни работи ги осуди санкциите на Министерството за финансии на САД врз Мохамед Реза Шеибани како „нелегални и неоправдани“.
САД ја паузира продажбата на оружје на Тајван вредна 14 милијарди долари поради војната во Иран
САД објавија дека ја паузираат продажбата на оружје на Тајван во вредност од 14 милијарди долари поради војната на САД со Иран, според извештаите на медиумите.
Зборувајќи за време на сослушувањето на Поткомитетот за одбрана на Сенатот во Вашингтон, вршителот на должноста секретар на морнарицата, Хунг Цао, ја објасни својата одлука, инсистирајќи дека американската војска сè уште има многу ракети и пресретнувачи, дури и кога се зголемуваат извештаите за намалување на залихите на муниција.
Трамп: САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска
Американскиот претседател Доналд Трамп им вети на сојузниците од НАТО дека САД ќе испрaтат дополнителни 5.000 војници во Полска, само неколку часа пред американскиот државен секретар Марко Рубио да се сретне со министрите на Алијансата денеска во Шведска.
Како причина за одлуката за испраќање дополнителни војници, Трамп го наведе својот однос со полскиот претседател Карол Навроцки, кого го поддржа на претседателските избори во Полска.
Руте: НАТО е на посилен пат и ја анамалува зависноста од еден сојузник
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска за време на самитот на министрите за надворешни работи во Шведска изјави дека Алијансата е на посилен пат, постепено намалувајќи ја зависноста од еден сојузник.
Руте рече дека промената ќе им даде на САД поголем простор да се фокусираат на други приоритети, бидејќи европските сојузници ги зголемуваат трошоците за одбрана.
Германски болници цел на масовен сајбернапад
Податоците што им припаѓаат на десетици илјади пациенти беа украдени во сајбернапад насочен кон надворешен давател на услуги што го користат бројни болници во Германија, објави јавниот радиодифузен сервис ARD денеска.
Само Универзитетската болница во Келн соопшти дека биле погодени 30.000 луѓе.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
