Мерц побара Украина да стане придружна ленка на ЕУ, Иран го разгледува предлогот на САД, Израел нареди уривање на осум палестински кужи и објекти во окупираниот источен Ерусалим. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 21 мај.
Мерц побара од лидерите на ЕУ Украина да добие статус на придружна членка
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмо до лидерите на Европската Унија предложи на Украина да ѝ се даде статус на „придружна членка“ како привремен чекор кон членство во ЕУ.
Во писмото како што објавуваат дел од медиумите, Мерц вели дека тоа би можело да помогне во постигнувањето договор за прекин на војната со Русија.
Мерц наведува дека статусот на „придружна членка“ би им овозможил на украинските претставници да учествуваат на самитите на ЕУ и министерските состаноци, но не и да гласаат на нив.
Иран: Предлогот на САД доставен преку Пакистан се разгледува
Иран соопшти дека ги добил „мислењата“ на американската страна и дека моментално ги разгледува, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, јави државната новинска агенција ИРНА.
„Неколку круга на разменување пораки се случија во врска со првичниот предлог од 14 точки на Техеран. Ги добивме американските ставови и моментално се разгледуваат “, изјави Есмаил Багаеи за иранската државна телевизија синоќа.
Израел нареди уривање на осум палестински куќи и објекти во близина на окупираниот Источен Ерусалим
Израелските власти денес издадоа наредби за уривање на осум палестински куќи и објекти во градот Хизма, североисточно од окупираниот Источен Ерусалим, под изговор за градба без дозвола.
Губернијата на Ерусалим соопшти дека наредбите се однесуваат на куќи и објекти во областа Таблас.
Хезболах: Извршени 24 операции против израелските сили
Хезболах денес соопшти дека во изминатите 24 часа извршил 24 воени операции насочени кон израелските војници, воени возила и позиции низ јужен Либан.
Оттаму наведуваат дека нападите вклучувале удари со беспилотни летала и ракетни истрели, и дека доаѓаат како одговор на континуираните израелски прекршувања на прекинот на огнот и нападите врз цивили и градови.
Алварез: Шпанците од флотилата Сумуд ќе бидат депортирани преку Туркије
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави денеска дека нивните граѓани од флотилата за помош што се упатува кон Газа ќе бидат депортирани во текот на денот преку Туркије.
Флотилата за хуманитарна помош „Глобал Сумуд“ завчера соопшти дека сите 50 бродови во нејзиниот конвој се запленети од Израел.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
