| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Во израелските напади низ Газа убиени тројца Палестинци, над 30 повредени
Во северниот дел на Газа, во израелски напад со беспилотно летало е погодено цивилно возило во населбата Ал-Сафтави, при што еден Палестинец е убиен, а неколкумина се повредени, соопшти медицински извор од болницата „Ал-Шифа
Во израелските напади низ Газа убиени тројца Палестинци, над 30 повредени
Од 8 октомври 2023 година, Израел уби повеќе од 73.000 Палестинци и повреди над 174.000 други во неговата геноцидна кампања во Газа

Тројца Палестинци се убиени, а повеќе од 30, меѓу кои и четири деца, се повредени во израелските напади низ Појасот Газа вчера, соопштија медицински извори.

Во нападите биле погодени Газа, Кан Јунис и централниот град Ал-Завајда, при што биле погодени шатори во кои се засолнуваат раселени семејства, група цивили и едно возило.

Во северниот дел на Газа, во израелски напад со беспилотно летало е погодено цивилно возило во населбата Ал-Сафтави, при што еден Палестинец е убиен, а неколкумина се повредени, соопшти медицински извор од болницата „Ал-Шифа“.

Друг Палестинец, 50-годишниот Мухамед Хадер Аџур, починал од повредите здобиени кога израелско беспилотното летало погодило шатор на покривот од неговиот дом во близина на болницата „Ал-Шифа“.

Десет Палестинци се повредени, од кои двајца критично, кога во израелски напад бил погоден шатор во густо населена област во централниот дел на Газа.

Во јужниот дел на Газа, во напад со беспилотно летало врз шатор во кој биле засолнети раселени Палестинци во областа Ал-Маваси во Кан Јунис било усмртено едно лице и повредени седум други.

Уште осум Палестинци, меѓу кои четири деца, се повредени во друг напад во близина на шатор за раселени лица во Ал-Маваси, при што две лица се во критична состојба.

Израелските воени возила отвориле оган и источно од Кан Јунис, при што еден Палестинец е повреден, додека во друг напад со дрон врз собир на цивили во Ал-Завајда се повредени две лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство во Газа, до вчера во израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот се убиени 1.372 Палестинци, а 4.659 се повредени.

Од 8 октомври 2023 година, Израел уби повеќе од 73.000 Палестинци и повреди над 174.000 други во неговата геноцидна кампања во Газа, при што се уништени околу 90 отсто од инфраструктурата на енклавата.


Повеќе
Фон дер Лајен ја повика Канада да стане придружна членка на ЕУ
Косово: Засилени безбедносни мерки пред изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК
Климатска агенција на ЕУ: Озонската дупка над Антарктикот поголема од просекот овој месец
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Најмалку девет Палестинци загинале при уривање на оштетена зграда во градот Газа
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Азербејџан: Баку се координира со Анкара за нови проекти за „наредните децении“
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Саботажа на железничкиот превоз во Холандија, сомнежите се кон земјоделците
Касидијарис од неонацистичката Златна зора пуштен од грчки затвор
Фидан: Што е можно поскоро да се врати предвоениот статус на Ормутскиот Теснец
Кос: Во ЕУ нема место за земји кои величаат воени злосторници
Хрватската опозиција го притиска Пленковиќ за оставка по скандалот со токсичен отпад