| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Нови фотографии покажуваат уништени објекти, возила и авиони, додека Пентагон проценува загуби на опрема до 3,7 милијарди долари
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Во нападите се уништени објекти, возила и авиони, објави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на новодобиени фотографии од американски војници на терен

Иранските ракети и беспилотни летала предизвикале голема штета на американските воени позиции низ Блискиот Исток, вклучувајќи објекти, возила и авиони, објави Си-Би-Ес Њуз во вторник, повикувајќи се на новодобиени фотографии.

Фотографиите биле доставени до телевизијата од активен американски воен персонал кој зборуваше под услов на анонимност поради воените ограничувања за медиумите.

Фотографиите покажуваат штета на неколку американски воени позиции во регионот.

„Ова е голема штета на нашите бази за која американската јавност не е информирана“, рекол еден американски војник распореден во регионот.

„Стоиме таму со затворени очи додека нè удираат во лице“, рекол тој.

Во воздухопловната база Принц Султан во Саудиска Арабија, една фотографија го покажува она што Си-Би-Ес Њуз го опиша како директен удар во задниот дел на Боинг Е-3 Сентри. Опашката на авионот била отсечена од изгорениот труп.

Други фотографии од базата покажуваат тешко оштетени згради и касарни, како и бетонски бариери во облик на буквата Т, кои првенствено се наменети за заштита од закани како што се гранати и минофрлачки оган.

Според извештајот, фотографиите од кампот Буринг во Кувајт, главна област за распоредување на американски воен персонал, оклопни возила и некои авиони, исто така покажуваат обемна штета.

Фотографиите беа објавени откако генералниот инспектор на Министерството за одбрана на САД објави извештај во кој се проценува дека загубите на опрема во војната со Иран би можеле да достигнат до 3,7 милијарди долари, вклучувајќи речиси 60 авиони.

Во извештајот до Конгресот, што е законски пропишано, генералниот инспектор рече дека Централната команда на САД пријавила ирански напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Ирак, Оман и Јордан.

Пентагон не одговори на барањето за коментар од Си-Би-Ес Њуз.

„Ова не се прскалки што продираат“, рече американски војник, користејќи термин што министерот за одбрана Пит Хегсет го употреби по нападот на 1 март врз кувајтското пристаниште Шуаиба, во кој загинаа шест американски војници.

„Ние не ги браниме овие бази. Само гледаме како ги уништуваат“, додаламериканскиот војник.

Повеќе
Фон дер Лајен повика на создавање на Европски совет за безбедност за справување со заканите
Турскиот борбен дрон Акинџи погоди воздушна цел со домашно развиената ракета Сунѓур
Фон дер Лајен ја повика Канада да стане придружна членка на ЕУ
Косово: Засилени безбедносни мерки пред изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК
Климатска агенција на ЕУ: Озонската дупка над Антарктикот поголема од просекот овој месец
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Најмалку девет Палестинци загинале при уривање на оштетена зграда во градот Газа
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Азербејџан: Баку се координира со Анкара за нови проекти за „наредните децении“
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Саботажа на железничкиот превоз во Холандија, сомнежите се кон земјоделците
Касидијарис од неонацистичката Златна зора пуштен од грчки затвор
Фидан: Што е можно поскоро да се врати предвоениот статус на Ормутскиот Теснец