| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост и солидарност во НАТО да се применуваат и во ЕУ
Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за ЕУ, 20 години да нè држат во лавиринтот, изјави претседателката
Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост и солидарност во НАТО да се применуваат и во ЕУ
На Самитот во Анкара присуствуваа и министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски / Others

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 36. Самит на НАТО, којшто се одржува во Анкара.

Таа истакна дека шефовите на држави и влади на Самитот испратиле силна порака за единство, солидарност и заедничка одговорност на сојузниците во справување со глобалните безбедносни предизвици.

Според неа, земјите-членки покажале јасна подготвеност да го преземат својот дел од товарот во обезбедувањето на заедничката безбедност преку јакнење на сопствените одбранбени способности и зголемување на инвестициите во одбраната.

Претседателката посочи дека македонската држава останува посветен и кредибилен сојузник, којшто активно придонесува кон безбедноста на Алијансата и продолжува со унапредување на своите одбранбени капацитети.

Осврнувајќи се на европската перспектива на Западен Балкан врзано за регионалната стабилност, Сиљановска-Давкова укажа дека принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност, кои се манифестираат во рамките на НАТО, треба доследно да се применуваат и во процесот на европската интеграција.

Според неа, обединета Европа не може да биде целосна без интеграција на регионот и крајно време е по 13 години да се откочи процесот на прием на нови членки.

„Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија, 20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине“, порача претседателката.

Таа оцени дека кохезијата меѓу сојузниците останува најсилната гаранција за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста, додавајќи дека мирот, дијалогот и почитувањето на меѓународното право се темелните предуслови за траен демократски развој.

Според претседателката, мотото „Посилна Европа, посилно НАТО“ ја добива својата целосна смисла само доколку се темели врз единство, демократија и мир.

„Проширена и обединета Европа е посилна Европа, но најсилна е Европа која живее во мир и останува доследна на принципите и вредностите врз кои е изградена евроатлантската заедница“, порача Сиљановска-Давкова.

Силјановска Давкова на Самитот ја предводеше македонската делегација во чиј состав се министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски.

„Многу е важна пораката што ја имаме од сите европски земји дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека треба да припаднеме таму, тоа е одлична порака која заеднички треба да ја споделуваме и го правиме тоа и затоа ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, рече Мисајловски и додаде дека повеќе држави не поздравиле, како земја, која иако мала, дава свој придонес.

Повеќе
Убиени седум Палестинци низ Газа во последните израелски напади
Милиони луѓе присуствуваат на церемониите во Наџаф и Кербала за погребот на ајатолахот Хамнеи
Рутe: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
Мексикански државјанин убиен за време на рација на ИЦЕ во Хјустон
Планот на „Фолксваген“ за намалување на трошоците ја загрозува германската автомобилска индустрија
Администрацијата на Трамп е тужена поради наводно споделување на евиденција за азил со Иран
Иран: Сите бази на САД во регионот се легитимни цели ако продолжи прекршувањето на прекинот на огнот
САД извршија напади врз Иран по нападите врз бродови во Ормускиот Теснец
Сиљановска-Давкова пред Самитот на НАТО во Анкара: Најсилната Европа е Европа што живее во мир
Туркије и Канада официјално ги почнаа преговорите за договор за слободна трговија
Туркије: Самитот на НАТО во Анкара отвора ново поглавје за одбранбената индустрија на Алијансата
Ле Пен прогласена за виновна, но судот ѝ ја скрати забраната за вршење на јавна функција
Трамп на средбата со Ердоган: САД ќе ги укинат санкциите за Туркије
Фон дер Лајен: Туркије е една од најголемите вооружени сили на НАТО
Шекеринска: Туркије ќе купи крстосувачки ракети Атмаца со долг дострел