Иранските власти го повторија своето тврдење дека преминот низ Ормускиот Теснец е целосно блокиран, а новоформираната Управа за теснеците во Персискиот Залив (ПГСA)- тело создадено од Техеран за контрола на пловидбата низ овој тесен и стратешки клучен морски премин-официјално објави дека водниот пат е затворен „до понатамошно известување“.
„Со оглед на тензиите предизвикани во регионот од страна на агресорните американски сили и синоќешната изјава на иранските вооружени сили, Ормускиот Теснец ќе биде затворен до понатамошно известување. Ги молиме сите сопственици на бродови кои веќе добиле дозволи за премин да бидат трпеливи и да чекаат понатамошни инструкции од ПГСA“, објави агенцијата на социјалните медиуми.
И Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) го прогласи виталниот Ормуски теснец за „затворен за сите бродови“ откако САД започнаа нови напади врз Иран.
„Веднаш, поради несигурноста во регионот, Ормускиот тТеснец е прогласен за затворен за сите бродови, вклучувајќи ги и танкерите за нафта и комерцијалните бродови“, соопшти ИРГК во објава на својот официјален канал Телеграм рано во четврток.
„Секој брод што ќе се обиде да го премине теснецот ќе биде цел на напади.“
Од друга страна, утрово американската војска остро ги негираше овие тврдења од Техеран, велејќи дека информациите за блокадата се неточни и дека теснецот всушност е сè уште целосно отворен за пловидба.



















