| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Дизелот од утре поскап за 4,5 денари, се зголемуваат цените и на бензините
Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар
Дизелот од утре поскап за 4,5 денари, се зголемуваат цените и на бензините
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 4,5 денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на претходната одлука донесена минатата недела, односно на 20 јули.

Новите цени ќе важат од ноќеска на полноќ.

Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 4,5 денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 5 денари, на 98 денари за литар.

Поскапува и мазутот М-1 НС, чија нова максимална цена ќе изнесува 48,099 денари за килограм, односно за 2,726 денари повеќе од досегашната.

Од РКЕ информираат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на светските пазари, каде што бензините поскапеле за 6,229% , дизелот за 7,442%, екстра лесното масло за 8,051%, а мазутот за 8,159%.

Комисијата потсетува дека станува збор за максимални малопродажни цени, а трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени од утврдените.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, порача граѓаните да бидат спокојни.

„Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и се уште остануваме земја која е со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Ако е потребно ќе реагираме онака како што и досега реагиравме иако станува збор за берзански производи кои не зависат дали е некој подобар или полош претприемач или подобар или полош политичар, рече Мицкоски.

Тој во четвртокот најави дека Владата ќе интервенира со дополнителни мерки по продолжувањето на растот на цената на горивата, а една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата.

Повеќе
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори