| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Како што објави државната радиодифузна мрежа ИРИБ, еден од бродовите бил вклучен во неразјаснет инцидент, а другите пет, под иранска контрола, биле пренасочени кон Персискиот Залив
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Изворот za ИРИБ тврди дека бродовите се обидувале да ги „провоцираат“ американските сили во областа

Иран соопшти дека шест брода се обиделе да поминат низ неовластена маршрута во Ормускиот Теснец утринава откако ги исклучиле своите системи за пловидба и позиционирање, објави државната радиодифузна мрежа ИРИБ.

Добро информиран извор за ИРИБ изјави дека бродовите се обиделе да ја преминат јужната маршрута на стратегискиот воден пат „нелегално и небезбедно“.

Изворот тврди дека бродовите се обидувале да ги „провоцираат“ американските сили во областа.

Според известувањата, еден од бродовите бил вклучен во неразјаснет инцидент, а другите пет, под иранска контрола, биле пренасочени кон Персискиот Залив.

Не беа дадени детали за бродовите, нивните знамиња, екипажите или за природата на инцидентот.

Изворот наведе дека определената поморска маршрута низ Ормускиот Теснец е јасно дефинирана и предупреди дека другите маршрути се опасни и непроодни.

Американската армија не даде коментар за соопштението на Иран.

Повеќе
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус
Јемен следното бојно поле во конфликтот меѓу САД и Иран?
Садик Ахмет и бескрајниот отпор на Турците од Западна Тракија
Што е Планината Пикакс, место кое Трамп се закани дека ќе го нападне?
Источното крило на Европа се насочува кон Туркије во услови на нови безбедносни реалности
Борба за моќ во Иран: Дали тврдокорните ја блокираат дипломатијата со САД?
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Трамп: Би било многу лошо за Кина и Русија ако обезбедуваат оружје за Иран
Медиуми: Нетанјаху следната недела во САД на средба со Трамп