| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Разорувач на американската морнарица останал без струја четири дена во Јужното Кинеско Море
„УСС Бенфолд пријавил инженерска несреќа во која беа вклучени неговите генератори, што предизвика губење на електричната енергија“, изјави командантот Метју Комер, портпарол на американската Седма флота
Разорувач на американската морнарица останал без струја четири дена во Јужното Кинеско Море
Разорувач на американската морнарица останал без струја четири дена во Јужното Кинеско Море

УСС Бенфолд, разорувач со наведувани ракети од класата „Арли Бурк“, минатиот месец четири дена останал без струја во Јужното Кинеско Море по инженерски дефект.

„На 24 јули 2026 година, додека вршеше рутински операции во Индо-Пацификот, разорувачот со наведувани ракети од класата Арли Бурк, УСС Бенфолд (DDG 65), пријави инженерска несреќа во која беа вклучени неговите генератори, што предизвика губење на електричната енергија“, изјави командантот Метју Комер, портпарол на американската Седма флота.

„Немаше повредени членови на екипажот, кој покажа отпорност, храброст, професионализам и непоколеблива постојаност во својот одговор“, рече Комер.

Прекинот на електричната енергија ги остави морнарите без услуги во кујната, тоалети и климатизација, а влијаеше и на водата за пиење на бродот, се вели во соопштението.

Ударната група на носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“, со која пловел „Бенфолд“, го поддржала разурнувачот за време на инцидентот. „УСС Роберт Смолс“, крстосувач поврзан со ударната група, помогнал во обезбедувањето оброци за екипажот, рече Комер.

Во тек е истрага за причината за инцидентот.


Повеќе
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“
Муцунски ги претстави трите стратешки приоритети на македонската дипломатија
Швајцарија усвои нов пакет санкции против Русија
Бројот на убиени во Газа надмина 73.400
Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
Најмалку 12 луѓе убиени во Киев по последната рунда руски напади
Арагчи му возврати на Трамп за економската војна: Само ќе го засили поразот на САД
Принцот Хари и Меган се враќаат во Велика Британија
Воен дрон упадна во романскиот воздушен простор и се сруши близу Тулча
Германија застана зад МКС по новите санкции од САД
Туркије и Сирија потпишаа договор за фосфати за зајакнување на стратегиското партнерство
НАТО: Подготвени сме за каква било закана од ирански напади врз американски воени цели во Европа
Бугарија ги подигна безбедносните мерки по извештаите дека Иран мисли за напади во Европа
Муцунски во Охрид со чешкиот колега Мацинка: Потврдено продлабочувањето на билатералната соработка