| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Муцунски во Охрид со чешкиот колега Мацинка: Потврдено продлабочувањето на билатералната соработка
„Ја потврдивме важноста на тесната соработка како сојузници во НАТО и изразивме благодарност за принципиелната и доследна поддршка од Чешка за нашиот европски пат“
Муцунски во Охрид со чешкиот колега Мацинка: Потврдено продлабочувањето на билатералната соработка
Муцунски во Охрид со чешкиот колега Мацинка: Потврдено продлабочувањето на билатералната соработка / Other

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Охрид го пречека својот чешки колега, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Петар Мацинка, кој престојува во официјална посета на земјата.

Муцунски во објава на американската платформа на социјални мрежи Х истакна дека со Мацинка е разговарано за натамошното зајакнување на билатералното партнерство и политичкиот дијалог, како и за актуелните регионални и меѓународни случувања.

„Ја потврдивме важноста на тесната соработка како сојузници во НАТО и изразивме благодарност за принципиелната и доследна поддршка од Чешка за нашиот европски пат“, истакна Муцунски.

Тој посочи дека во разговорот е нагласен потенцијалот за зголемување на трговската размена, нови инвестиции и конкретна соработка во областа на транспортот, инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството и технологијата.

Повеќе
Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан
Нови смртоносни израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“
Муцунски ги претстави трите стратешки приоритети на македонската дипломатија
Швајцарија усвои нов пакет санкции против Русија
Бројот на убиени во Газа надмина 73.400
Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
Најмалку 12 луѓе убиени во Киев по последната рунда руски напади
Арагчи му возврати на Трамп за економската војна: Само ќе го засили поразот на САД
Принцот Хари и Меган се враќаат во Велика Британија