| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
„Сега кога стигнавме до крајот на војната, крајот на војната ќе биде и во Либан“
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран / AA

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денес изјави дека крајот на војната на сите фронтови, вклучително и прекинот на израелските напади во Либан, е „предуслов“ за завршување на војната меѓу Иран и САД-Израел, пренесува иранската државна новинска агенција ИРНА.

„Фронтовите во Либан и Иран на некој начин се поврзаа и станаа зависни еден од друг. Од првиот ден, Исламската Република Иран го сметаше прекинот на војната во Либан како основен предуслов за завршување на војната со Иран“, изјави Арагчи пред претставниците на меѓународните мисии во главниот град Техеран.

„Сега кога стигнавме до крајот на војната, крајот на војната ќе биде и во Либан“, рече тој, нарекувајќи го прекинот на огнот во Либан „неразделен“ дел од неодамна објавениот договор со САД.

„Крајот на војната беше прогласен вчера изутрина по иранско време“, изјави шефот на дипломатијата, додавајќи дека меморандумот за разбирање официјално ќе стапи на сила в петок.

„Претстојните разговори меѓу САД и Иран, што треба да започнат во Швајцарија в петок, ќе бидат поделени во две фази“, изјави Арагчи, според иранската полудржавна новинска агенција Тесним.

Тој појасни дека првата фаза ќе ги опфати прашањата како што се Ормускиот Теснец, поморските ограничувања и повоената обнова на инфраструктурата на Иран, додека втората фаза ќе се фокусира на нуклеарните прашања и ублажувањето на санкциите, што би се регулирало со конечен договор.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Милатовиќ во Европскиот парламент: Црна Гора е подготвена да стане 28. членка на ЕУ до 2028 година
Јужна Кореја покрена иницијатива за глобално партнерство за ВИ на Г7
Аселсан потпиша договор вреден 905 милиони долари за модернизација на противвоздушната одбрана
Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите
Фидан: Oдржувањето на Ормускиот Теснец отворен е од витално значење за глобалната трговија
Европскиот парламент конечно ги изгласа пакетот за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД
Турска болница ја изврши првата во светот осумкратна вкрстена трансплантација на црн дроб
Самитот на лидерите на Г7 започна во Франција, светските лидери дискутираат за глобални прашања
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
Израелскиот радикален десничар и министер Бен Гвир не отпатува во САД поради проблеми со визата
Иран ќе формира одбор за тргување со рубља, додека шефот на централната банка ја посетува Москва
Калас: ЕУ ја нагласува важноста Либан да биде опфатен со мировниот договор САД-Иран
Венс: Нуклеарните инспектори ќе влезат во Иран по финалниот договор
Остатоци од дрон предизвикаа пожар во руско нафтено складиште