Мировните сили на Обединетите нации во Либан забележале интензивна воена активност од страна на Израел во последните три дена, изјави портпаролот на ОН во понеделник.
„Од петок до денес, Мировната мисија на ОН во Либан-УНИФИЛ продолжува да забележува обемна воена активност во својата област на операции“, изјави Фархан Хак на прес-конференција.
Хак рече дека мировниците регистрирале повеќе од 1.296 ракети или траектории од проектили што им се припишуваат на Израелските сили во тој период, како и 64 ракети поврзани со Хезболах.
Зборувајќи за ограничувањата на движењето, тој рече дека инциденти на ускратување на слободата на движење на членовите на УНИФИЛ се случуваат секојдневно и додаде дека израелски тенк и булдожер го блокирале персоналот на мисијата во западниот сектор во саботата.
Хак повтори дека е одговорност на сите страни да обезбедат непречена слобода на движење на УНИФИЛ и да му овозможат да го изврши својот мандат.















