| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
30 години по убиството на Тупак Шакур ќе му се суди на Двејн „Кифи Ди“ Дејвис
Пукањето врз Тупак наводно било одмазда за претходната тепачка меѓу раперот и Орландо „Бејби Лејн“ Андерсон внукот на Кифи Ди во казино во еден од хотелите во Лас Вегас
30 години по убиството на Тупак Шакур ќе му се суди на Двејн „Кифи Ди“ Дејвис
30 години по убиството на Тупак Шакур ќе му се суди на Двејн „Кифи Ди“ Дејвис

Три децении убиството на популарниот рапер Тупак Шакур беше голема мистерија според едни, а според други јавна тајна дека правосудните органи на САД свесно ги штителе убијците кои биле дел од различни доушнички програми на полицијата и ФБИ за следење на уличните банди, и нивната поврзаност со тогашните рапери и продуцентски куќи. Сега 30 години по убиството на раперот во Лас Вегас, конечно ќе започне судењето на обвинетиот уличен гангстер Двејн Дејвис, познат под псевдонимот Кифи Ди.

Откако беше покренато обвинение против продуцентот и рапер Шон „Паф Деди“ Комбс, се отвори Пандорината кутија за егзекуцијата на Тупак и кој би можел да биде вистинскиот нарачател.

Во различни рап песни, вклучувајќи и песни на Еминем се алудираше дека Кифи Ди бил еден од извршителите на убиството во Лас Вегас кое се случи веднаш по борбата на боксерот Мајк Тајсон против Брус Шелдон.

Еминем исто така преку неговите песни правеше конекции меѓу Паф Деди и Кифи Ди, поврзувајќи ги со подоцнежното одмазничко убиство на раперот Ноториус Б.И.Г кој беше застрелан во Лос Анџелес.

Полицијата со години имала информации за инволвираноста на Кифи Ди во убиството на Тупак кој беше застрелан во автомобил кој го возел Шуг Најт, еден од основачите на дискографската куќа „Death Row“, инаку човек поврзан со подземјето.

Пукањето врз Тупак наводно било одмазда за претходната тепачка меѓу раперот и Орландо „Бејби Лејн“ Андерсон внукот на Кифи Ди во казино во еден од хотелите во Лас Вегас.

Во обвинението не е наведен Паф Деди кој отслужува казна за проституција и итн. ниту пак Шуг Најт кој отслужи повеќе затворски казни, вклучувајќи и за вмешаност во убиство поврзани со улични банди.

Дејвис се изјасни за невин по обвинението, а неговите адвокати на одбраната тврдеа дека „во случајот има недостаток на факти“.

Повеќе
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“
Муцунски ги претстави трите стратешки приоритети на македонската дипломатија
Швајцарија усвои нов пакет санкции против Русија
Бројот на убиени во Газа надмина 73.400
Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
Најмалку 12 луѓе убиени во Киев по последната рунда руски напади
Арагчи му возврати на Трамп за економската војна: Само ќе го засили поразот на САД
Принцот Хари и Меган се враќаат во Велика Британија
Воен дрон упадна во романскиот воздушен простор и се сруши близу Тулча
Германија застана зад МКС по новите санкции од САД