Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди источна Индонезија денес, без непосредни извештаи за жртви или штети, објави „Њу Индијан Експрес“, повикувајќи се на Геолошкиот завод на САД (USGS).
Земјотресот се случил на длабочина од 120 километри, околу 58 километри западно од Тобело во покраината Северен Малуку, во 11:31 часот по локално време (02:31 GMT).
ПРЕПОРАЧАНО
Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG) соопшти дека нема закана од цунами по земјотресот.













