| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Ричардоне: Туркије нема особен политички интерес од поттикнување непријателство со Израел
Поранешниот дипломат сугерираше дека создавањето впечаток оти Израел е во војна со друга страна би можело да има политичка корист за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Ричардоне: Туркије нема особен политички интерес од поттикнување непријателство со Израел
Ричардоне: Туркије нема особен политички интерес од поттикнување непријателство со Израел / َAA

Туркије нема особен „политички интерес“ од поттикнувањето непријателство со Израел, изјави поранешниот американски амбасадор во Туркије, Френсис Џ. Ричардоне.

Говорејќи во емисијата „This Is America“ на телевизијата Ал Џезира, Ричардоне направи споредба меѓу политичката динамика во Туркије и Израел.

„Не верувам дека (турскиот претседател Реџеп Таип) Ердоган има некаков особен политички интерес од поттикнувањето непријателство со Израел, од непријателскиот однос, од убедувањето на Турците дека имаме непријател и сето тоа“, рече тој.

Ричардоне рече дека Ердоган „искрено не го одобрува“ или се спротивставува на начинот на кој Израел се однесува кон Палестинците, особено во Газа, и дека такви ставови има одамна.

За разлика од тоа, поранешниот дипломат сугерираше дека создавањето впечаток оти Израел е во војна со друга страна би можело да има политичка корист за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Ќе видиме што ќе се случи на изборите што претстојат“, додаде тој, мислејќи на парламентарните избори во Израел, закажани за октомври.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Аксиос: САД бараат сопственички удел во венецуелската нафта
Карни го отфрли преименувањето на Онтарио во „Езеро Америка“ од страна на Трамп
Пакистанскиот премиер: Одбранбениот пакт од Мека испрати порака за единство и мир низ целиот регион
„Безбеден град“ ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење
Иран вели дека враќањето на дипломатијата со САД „не е невозможно“
Четиригодишно девојче од Газа сонува повторно да оди и да си игра по ампутацијата
Ричардоне: Туркије нема особен политички интерес од поттикнување непријателство со Израел
Израел продолжува со нападите врз јужен Либан со артилерија и митралески оган
Гутереш: Солидарност со жртвите на злосторствата на Младиќ, осуда за негирањето на геноцидот
Почина норвешкиот крал Харалд V
Непал: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 472, над 1.000 лица се водат како исчезнати
Ердоган разговараше за регионалните прашања со африканските лидери
Пезешкијан: Иран може да ги надмине болните настани со Катар и да ја продолжи соработката
Грлиќ Радман: Силите под команда на Младиќ оставија крвава трага низ Хрватска и БиХ
Трапм: Путин нема да нападне територија на НАТО