| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Пирова победа на Барселона, Атлетико и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампиони
„Јорганџиите“ ја искористија предноста од првиот меч во Каталонија (0:2) обезбеди пласман во полуфиналето од ЛШ, и покрај поразот од Барселона со 1:2 на домашен терен, а ПСЖ по триумфот во Париз, славеше и во Ливерпул, вечерва со 0:2 за конечни 3:0
Пирова победа на Барселона, Атлетико и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампиони
Јамал постигна гол против Атлетико, негов 11 сезонава во ЛШ, а имаше и девет асистенции / Reuters
пред 8 часа

Атлетико Мадрид обезбеди пласман во полуфиналето од Лига на шампиони, и покрај поразот од Барселона со 1:2 на домашен терен. „Јорганџиите“ ја искористија предноста од првиот меч во Каталонија (0:2) и со вкупен резултат 3:2 се најдоа меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Натпреварот започна шокантно за домаќините на „Ванда Метрополитано“. Веќе во четвртата минута, Ламин Јамал го отвори резултатот по асистенција на Феран Торес, искористувајќи голема грешка во одбраната на Атлетико.

Со тој гол, Јамал сега учествуваше во 20 гола во најсилното клупско натпреварување во Европа, постигнувајќи 11 голови и асистирајќи девет пати. Со 18 години и 275 дена, тој стана најмладиот играч во историјата што стигнал до таа пресвртница во Лигата на шампионите, дополнително зацврстувајќи го својот статус како еден од најголемите таленти на денешницата.

Притисокот на гостите продолжи, па во 24. минута токму Торес зголеми на 0:2 и целосно ја анулираше негативата од првиот меч.

Барселона беше блиску и до трет погодок, но наместо тоа, Атлетико Мадрид се врати во игра преку Лукман во 31. минута, со што се намали предноста и се внесе нова неизвесност.

Во второто полувреме, ритамот повторно го диктираше Барселона, но клучните моменти не одеа во нивна корист. Гол на Феран Торес беше поништен по ВАР интервенција поради офсајд, а ситуацијата дополнително се искомпликува кога Ерик Гарсија доби црвен картон по прекршок над Сорлот во ситуација „еден на еден“.

Со играч повеќе, Атлетико успеа да го контролира финишот и да го зачува резултатот што му носи пласман понатаму.

Во полуфиналето, Атлетико Мадрид ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон, каде „топчиите“ имаат минимална предност од 1:0 по првиот натпревар.

Актуелниот европски шампион ПСЖ сигурно чекори кон нова завршница во Лига на шампиони, откако и во реваншот го надигра Ливерпул со 0:2. Човекот на одлука беше Осман Дембеле, кој со два гола го запечати пласманот на „светците“ во полуфиналето.

Првото полувреме донесе отворена и динамична игра, со шанси на двете страни. Дембеле прв се закани сериозно во 17. минута, но неговиот удар заврши над голот. На спротивната страна, Ливерпул се обиде преку Милош Керкез и Алексис Мекалистер, но сигурниот Матвеј Сафонов беше на висина на задачата. Дополнителен проблем за домаќините беше повредата на Хуго Екитике, кој мораше рано да го напушти теренот, а на негово место влезе Мохамед Салах.

Во второто полувреме, темпото дополнително се засили. Ливерпул се обиде да наметне притисок, но одбраната на ПСЖ делуваше стабилно и организирано. Клучниот момент дојде по контроверзна ситуација- судијата првично досуди пенал за домаќините, но по ВАР интервенцијата ја промени одлуката.

Тоа како да беше пресвртна точка. Наместо иницијатива на англискиот тим, следеше удар од Париз во 73. минута, Осман Дембеле ја затресе мрежата за водство од 0:1 и практично го отвори патот кон полуфиналето.

До крајот, ПСЖ рутински ја контролираше играта, а во судиското продолжение Дембеле уште еднаш погоди за конечни 0:2, ставајќи точка на двомечот.

Со вкупни 3:0, парижани убедливо го елиминираа Ливерпул и сосема заслужено се пласираа меѓу четирите најдобри. Во полуфиналето ги очекува вистински спектакл-дуел со победникот од пресметката меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Повеќе
Израел не прифати примирје во Либан на преговорите во Вашингтон
Туркије ќе се залага за фер финансирање за климата на COP31
Вучиќ предупреди на глобална економска криза и можни конфликти
Рама: Албанија во 2030 година членка на ЕУ е цивилизациски избор
Европа се стреми кон намалување на побарувачката на енергија во услови на вртоглав раст на цените
ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Кинескиот претседател Кси е домаќин на разговори со шпанскиот премиер Санчез
Нетанјаху вели дека Европа има „многу да научи“ од Израел за „доброто и злото“
Иран побара оштета од пет арапски држави за помагање на нападите од САД и Израел
Џ.Д. Венс: Поразот на Орбан е лош за САД, но ќе соработуваме со новиот премиер
Францускиот производител на цемент Лафарж прогласен за виновен за финансирање на Даеш во Сирија
Балканските земји испратија честитки до Маѓар
Пилотите на Луфтханза започнаа 48-часовен штрајк
Туркије предупреди против воени решенија за тензиите во Ормускиот Теснец, повика на мировен пристап