Балканските земји испратија честитки до Петер Маѓар по неговата победа на парламентарните избори во Унгарија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во својата порака му честита на Маѓар за изборната победа и изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се зајакнува.
Премиерот на Косово, Албин Курти, исто така преку социјалните мрежи упати честитка до Маѓар и изрази надеж за натамошен развој на односите со Унгарија.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во својата порака нагласи дека очекува продолжување на соработката и зајакнување на регионалната стабилност.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, му ја честита победата на Маѓар и изрази очекување за продолжување на добрите билатерални односи.
Во пораките објавени од Владата на Словенија и Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, упатени се честитки до Маѓар за изборната победа, при што е нагласена важноста од продолжување на соработката и добрите односи.
Лидерот на унгарската опозициска партија Тиса, Петер Маѓар, убедливо го порази актуелниот премиер Виктор Орбан, кој владееше 16 години.
Орбан го призна поразот, велејќи: „Ќе им служиме на нашите граѓани од опозиција“.



















