| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Средба на европските градоначалници во Скопје
„Разговорите беа фокусирани на размената на искуства, предизвици и добри практики поврзани со подготовките и реализацијата на оваа престижна европска титула“
Средба на европските градоначалници во Скопје
Средба на европските градоначалници во Скопје / Other
16 април 2026

Град Скопје беше домаќин на висока меѓународна делегација од европските градови Кемниц, Гориција и Нова Горица, потврдувајќи ја својата посветеност кон зајакнувањето на европската културна соработка во пресрет на титулата европска престолнина на културата 2028.

Од Град Скопје соопштија дека на средбата присуствувале градоначалниците на Нова Горица и Горица, Само Турел и Радолфо Зиберна, како и претставничката од Кемниц, европската престолнина на културата – Џозефин Хаге, како и вршителот на должноста амбасадор при Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау.

„Разговорите беа фокусирани на размената на искуства, предизвици и добри практики поврзани со подготовките и реализацијата на оваа престижна европска титула. Во рамките на посетата, делегацијата прошета низ централното градско подрачје на Скопје, запознавајќи се со културното и со историското наследство на градот, по што следуваше официјална средба во „Јуроп хаус Скопје“, како простор за дијалог, идеи и визија за идниот развој“, информираа од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека од скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, било истакнато дека европската престолнина на културата не е само признание туку и процес на отворање, учење и поврзување, во кој културата станува двигател на општествени и на урбани трансформации.

„Особено беше нагласено значењето на меѓународната соработка и на размената на искуства со градови што веќе успешно ја реализирале оваа улога. Средбата беше оценета како значаен чекор во градењето долгорочни партнерства, кои ќе придонесат за зајакнување на европскиот културен идентитет и за создавање нови можности за граѓаните, уметниците и институциите“, наведуваат градските власти.

На официјалното обраќање во „Јуроп хаус“, скопскиот градоначалник истакна дека колегите градоначалници, гости во градот Скопје, ќе може да му ги пренесат искуствата нему, како градоначалник, но и на целиот тим што е вклучен во целиот процес.

Тој истакна дека со овој проект очекува зголемување на бројот на туристи. Притоа, потсети на инфраструктурните проекти што се планираат во рамките на процесот, меѓу кои: реконструкција на Калето, Старата скопска чаршија, акведуктот, а како капитален го наведе проектот за Старата пошта, која треба да се претвори во младински хаб, но и симбол на Скопје – град престолнина на културата.

Го спомена и осветлувањето на Камениот мост, а потсети и дека се реконструира Зоолошката градина.

Во своето обраќање, Бен Нупнау кажа дека европските престолнини на културата носат културни, економски и стратешки придобивки не само таа година туку и многу подоцна.

„Овие градови обично обезбедуваат средства, привлекуваат инвестиции, создаваат интерес и внимание за програмата и за градот како дестинација. Како резултат на тоа, имаат значителен раст на бројот на туристи, што, секако, придонесува за подобрување на репутацијата на градот. Градовите, исто така, успеваат да создадат нови културни места, да им дадат поддршка на локалните уметници, а ова е, исто така, планот и за Скопје“, рече Нупнау, потенцирајќи дека Скопје ќе биде ставено на картата на европските градови на културата и ќе ужива во оваа улога, а сите инвестиции што ќе се направат во 2028 – ќе се вратат во иднина.

Градоначалникот на Нова Горица, Само Турел, наведе дека се обиделе да им го вратат живот на некои делови од градот што останале заборавени. Им порача на властите на Скопје да се обидат да планираат што ќе остане по 2028 година, бидејќи, според него, тоа е една од поважните цели и фокус на целиот проект.

По официјалниот дел, се одржа техничка работилница на која претставниците на европските престолнини на културата за 2025 година ги споделија своите искуства и добри практики со организацискиот тим „Скопје 2028“.

Посетата е заокружена со отворањето на изложбата „Инспирација“ во Музејот на Град Скопје, која содржи фотографии од европските престолнини на културата за 2025 година. Изложбата ќе биде отворена за јавноста, бесплатно, од 15 до 26 април годинава.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа
Во копродукција на ТРТ филмот „Мирисот на минатото“ брои денови до премиерата
Макрон: Со воени дејствија ќе се наруши договорот за примирје меѓу Хезболах и Израел
ММФ ги продолжува односите со Венецуела по повеќе од 6 години суспензија
Започна петтото издание на Форумот за дипломатија во Анталија
Директорот на американската ИЦЕ се повлекува, ќе ја напушти агенцијата на крајот на мај
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Фидан се сретна со сирискиот претседател Ал-Шара во Анталија
Амбасадорот на Иран во ОН ја нарече блокадата на САД „чин на агресија“
Ердоган порача дека регионалните актери се клуч за мирот и безбедноста