| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Трамп го објави прекинот на огнот меѓу Израел и Либан по, како што рече, одличните разговори со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето / Reuters
пред 9 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти Хезболах ќе го почитува постигнатиот прекин на огнот меѓу Либан и Израел.

„Се надевам дека Хезболах ќе го стори вистинското и правилното нешто во овој важен период. Би бил одличен момент Тоа за нив ќе биде одличен момент ако така постапат“, објави Трамп.

„Нема повеќе убивање. Конечно мора да има мир“, додаде тој.

Во посебен пост околу три часа подоцна, американскиот претседател рече дека ова е историски ден за Либан и дека се случуваат добри работи.

Претходно Трамп го објави прекинот на огнот меѓу Израел и Либан по, како што рече, одличните разговори со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Тукушто имав одлични разговори со високо почитуваниот претседател на Либан, Џозеф Аун, и премиерот на Израел, Биби Нетанјаху“, напиша Трамп.

Соопштението уследи по разговорите меѓу либанската и израелската делегација, посредувани од САД, одржани во Стејт департментот во Вашингтон.

САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи одмазда од Техеран против американските сојузници во Заливот, а Хезболах од Либан возврати на нападите на Израел. Како одговор, Израел започна напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а еден милион се внатрешно раселени во последните шест недели.

Војната со Иран е исто така во моментов е запрена по примирјето, а во тек се разговори за нејзино трајно завршување.

Повеќе
Макрон: Со воени дејствија ќе се наруши договорот за примирје меѓу Хезболах и Израел
ММФ ги продолжува односите со Венецуела по повеќе од 6 години суспензија
Започна петтото издание на Форумот за дипломатија во Анталија
Директорот на американската ИЦЕ се повлекува, ќе ја напушти агенцијата на крајот на мај
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Фидан се сретна со сирискиот претседател Ал-Шара во Анталија
Амбасадорот на Иран во ОН ја нарече блокадата на САД „чин на агресија“
Ердоган порача дека регионалните актери се клуч за мирот и безбедноста
Трамп: Израел и Либан се согласија на 10-дневен прекин на огнот
Морнарицата на САД вратила 14 бродови во првите 72 часа од блокадата на иранските пристаништа
Средба Ердоган-Сиљановска Давкова во Истанбул
Најмалку 16 загинати лица во руските ракетни напади врз украински градови
Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта
Европа има гориво за авиони за само шест недели, предупреди Меѓународната агенција за енергија
Повиците за суспензија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел добиваат на интензитет