| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Четворица Палестинци, меѓу кои и две деца убиени во израелските напади врз Газа
И покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, Израел продолжи со секојдневните напади низ Газа, во кои се убиени 1.209 лица, а повредени се 3.943 други, повеќето од нив жени и деца
Четворица Палестинци, меѓу кои и две деца убиени во израелските напади врз Газа
Градот Газа утрово бил цел на жестоки израелски напади

Во нападите низ Газа рано утро во четврток биле убиени четворица Палестинци, меѓу кои и две деца, а повредени се најмалку 35 други, повеќето од нив деца, според палестински медицински извори.

Во јужна Газа, во израелски напад врз шатор во кој се сместени раселени лица во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис, биле убиени 20-годишниот Абдула Насер ал-Балави и 8-годишниот Рател Махмуд Абдула, додека пет други, меѓу кои и деца, се повредени, изјави медицински извор во болницата Насер.

Очевидци за Анадолија изјавија дека ракета испукана од израелски хеликоптер го погодила шаторот додека раселените Палестинци спиеле.

На други места во Кан Јунис, израелската артилерија гранатирала области јужно од градот, додека воени возила отвориле силен оган кон Ал-Маваси, северозападно од Рафах. Веднаш не биле пријавени жртви.

Напади во централна и северна Газа

Во централна Газа, детето Заид Мохамед Нофал било убиено, а четворица други беа повредени во израелски напад насочен кон стан спроти општинската зграда во бегалскиот камп Буреиџ, според медицински извор од болницата Шухада Ал-Акса.

Во градот Газа, во напад со беспилотно летало е убиен еден Палестинец кој возел велосипед во близина на стадион, а 10 други биле повредени, соопштија медицински извори.

Во одделен напад со беспилотно летало, четворица Палестинци се повредени, од кои еден критично, откако била нападната група цивили во близина на раскрсница во градот.

Во друг воздушен напад е погоден стан во зградаво близина на училиштево населбата Ал-Наср, при што биле повредени 13 Палестинци, повеќето од нив деца, според медицински извор од болницата Ал-Шифа.

Очевидци рекоа дека нападот предизвикал пожар во станот пред локалните волонтери и екипите за цивилна одбрана да го изгаснат пожарот.

Израелската артилерија, исто така, силно гранатирала области источно од населбата Ал-Туфа во источениот дел од градот Газа, придружено со интензивно пукање од воени возила позиционирани источно од таканаречената „Жолта линија“.

И покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, Израел продолжи со секојдневните напади низ Газа, во кои се убиени 1.209 лица, а повредени се 3.943 други, повеќето од нив жени и деца.

Од октомври 2023 година, во геноцидната војна на Израел врз Газа се убини повеќе од 73.000 Палестинци и ранети над 174.000 други, според палестинските власти, кои велат дека повеќето од жртвите се жени и деца.

Властите, исто така, велат дека околу 90 проценти од инфраструктурата на енклавата е уништена.

Повеќе
„Раздружување 710“: Новиот план на екстремистичкиот министер Бен-Гвир за етничко чистење на Газа
Дехуманизација и фикција без која Израел не може да опстане
Четворица Палестинци од исто семејство убиени во израелски напад
Најмалку двајца Палестинци убиени во најновите израелски напади во Газа
Одборот за мир вели дека Израел мора да ги спроведе обврските за Газа
Aлбанезе: Израелското чистење на урнатините во Газа може да ги избрише доказите за злосторствата
Две години по убиството на турско-американската активистка на Западниот Брег нема истрага во САД
ОН: Израелското зацврстување на анексијата на Западниот Брег е спротивна на меѓународното право
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од речиси 800 милиони евра
Шефот на СЗО: Уште илјадници пациенти од Газа чекаат медицинска евакуација
Четиригодишно девојче од Газа сонува повторно да оди и да си игра по ампутацијата
Девет Палестинци убиени во израелските напади во Газа во последните 24 часа
Марк Рафало го отфрли обвинувањето на Парамаунт за антисемитизам поради критиките за Оракл и Израел
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
Израел продолжува да убива Палестинци во Газа и покрај договорот за прекин на огнот
Албанезе повикува на „меѓународно присуство за заштита“ низ окупираната Палестина
Тројца Палестинци повредени во израелски артилериски напад врз Газа
Седум Палестинци повредени од израелски оган низ Газа и покрај примирјето
Демократскиот шок кој го истакна намаленото влијание на Израел врз гласачите во САД