| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Израел пaк го отвори преминот Рафах за ограничено движење на Палестинците
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека нејзините тимови транспортирале 25 пациенти, заедно со нивните придружници, од болница во Кан Јунис во јужниот дел на Газа до преминот
Израел пaк го отвори преминот Рафах за ограничено движење на Палестинците
Израел ги затвори граничните премини на Газа, вклучително и Рафах, по избувнувањето на војната со Иран на 28 февруари / Reuters
19 март 2026

Израел денес повторно го отвори граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет за ограничено движење на Палестинците по 20-дневно затворање.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека нејзините тимови транспортирале 25 пациенти, заедно со нивните придружници, од болница во Кан Јунис во јужниот дел на Газа до преминот, при што во тек се подготовките за нивно заминување на лекување во странство.

Се наведува дека мерката е дел од напорите за олеснување на пристапот на ранетите и болните Палестинци до медицински третман, во услови на сериозен притисок врз здравствениот систем во Газа.

Израел ги затвори граничните премини на Газа, вклучително и Рафа, по избувнувањето на војната со Иран на 28 февруари.

Израелската владина агенција ЦОГАТ во неделата соопшти дека преминот ќе биде повторно отворен за ограничено движење во двата правца, според ист механизам како и пред затворањето и во согласност со релевантните безбедносни директиви.

На 2 февруари Израел делумно го отвори палестинскиот дел од преминот Рафах, кој го контролира од мај 2024 година, но под многу ограничени услови и строги рестрикции.

Според палестински процени, околу 22.000 ранети и болни лица во Газа имаат потреба да ја напуштат енклавата за лекување во странство, поради колапсот на здравствениот систем како резултат на двегодишната војна.

Пред војната стотици Палестинци секојдневно го користеа преминот Рафах за патување кон Египет, а исто толку се враќаа во енклавата.

Но, и покрај неговото повторно отворање минатиот месец, само мал број Палестинци добија дозвола да ја преминат.

Според тројца египетски гранични службеници, дневниот лимит за влез во Египет бил 50 пациенти, при што на секој му биле дозволени максимум двајца придружници, а бројот на луѓе на кои им е дозволено да се вратат во Газа исто така е ограничен на 50.

Оние кои се вратиле за време на краткото повторно отворање во февруари рекле дека биле подложени на обемни безбедносни проверки и испрашувања.

Во тој период преминот функционираше под управа на Министерството за внатрешни работи во Газа, во координација со Египет, без директно учество на Израел.

Прекинот на огнот во Газа стапи на сила на 10 октомври 2025 година, по израелската воена офанзива во која загинаа повеќе од 72.000 Палестинци, а над 172.000 беа повредени, при што беа уништени околу 90 отсто од цивилната инфраструктура.

Според процените на Обединетите нации, трошоците за обнова ќе изнесуваат околу 70 милијарди долари.

Повеќе
Двајца Палестинци убиени во израелски напад со дрон во Газа
Албанезе: На Израел му е дадена лиценца за мачење на Палестинците
Израелската армија приведе 15 Палестинци во рации на Западниот Брег
Убиени четворица Палестинци во Газа во ново израелско кршење на прекинот на огнот
Првпат по повторното отворање, Израел уапси Палестинец кој се враќал преку преминот Рафа
„Умираме во тишина“ - Израел ги измачува Палестинците додека фокусот се префрла од Газа на Иран
Може ли меѓународното право да се спроведе врз Израел- 40 држави се собраа во Хаг за да се обидат
Израел уби тројца Палестинци во Газа, меѓу кои и две деца, во уште едно кршење на прекинот на огнот
Тројца Палестинци убиени од нелегални израелски доселеници во окупираниот Западен Брег
Кршливата врата на Рафах: Како „прекинот на огнот“ во Газа го прикрива продолжувањето на опсадата
Индонезија се закани дека ќе излезе од Одборот на Трамп за Газа ако Палестинците не имаат корист
Израелската војска привела 16 Палестинци за време на рации низ окупираниот Западен Брег
ОН: Израел ги суспендира хуманитарните движења во Газа
САД се против анексијата на Западниот Брег- тогаш зошто им служат на нелегалните доселеници?
Замолчување на Ерусалим: Забрана на палестинските медиуми за сокривање на ционистичките злосторства
Убиени двајца Палестинци, четворица ранети во израелски напад со дрон во парк во градот Газа
Трамп вели дека биле пронајдени стотини тела во потрагата по заложници во Газа
Американски конгресмен предложи закон со кој се условува употребата на американско оружје во Газа и на Западниот Брег
Притаена анексија? Израелските мерки на Западниот Брег ги тестираат црвените линии на САД
Одборот за мир го претстави планот за повоена Газа: Обновата на енклавата почнува во Рафах