| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Американски конгресмен предложи закон со кој се условува употребата на американско оружје во Газа и на Западниот Брег
Американскиот конгресмен Кастен вели дека Законот за почитување на прекинот на огнот има за цел да ја усогласи американската воена помош со законите, интересите и вредностите на САД, истовремено зачувувајќи го правото на Израел на самоодбрана
Американски конгресмен предложи закон со кој се условува употребата на американско оружје во Газа и на Западниот Брег
Американски конгресмен предложи закон со кој се условува употребата на американско оружје во Газа и на Западниот Брег / Social Media
24 февруари 2026

Американскиот конгресмен Шон Кастен вчера претстави предлог-закон со кој се предвидува забрана за употреба на оружје со американско потекло во Газа и на Западниот Брег доколку Израел го прекрши прекинот на огнот од 10 октомври 2025 година, продолжи со анексија или не преземе мерки против насилството на израелските доселеници врз Палестинците.

Кастен изјави дека Законот за почитување на прекинот на огнот има за цел да ја усогласи американската воена помош со законите, интересите и вредностите на САД, истовремено зачувувајќи го правото на Израел на самоодбрана.

„Како еден од најважните сојузници на САД, Израел мора да обезбеди неговите политики и користењето на американската воена помош да бидат во согласност со американските вредности, интереси и закони“, се наведува во изјавата.

„Тоа започнува со барање за почитување на договорот за прекин на огнот од 10 октомври 2025 година и чекорите утврдени во планот од 20 точки, ограничување на насилството на доселениците и отфрлање на анексијата на Западниот Брег“, рече тој во изјавата.

Според предлог-законот, ќе биде формирана група за мониторинг на крајната употреба на оружјето, како и механизми за надзор од страна на Конгресот за спроведување на забраната. Исклучок ќе бидат одбранбените ракетни системи „Ајрон Дом“, „Дејвидс Слинг“ и „Ероу 3“, со што ќе се задржи американската поддршка за безбедноста на Израел.

Кастен нагласи дека законот „не му го одзема правото на Израел да се брани“, туку воспоставува „заштитни механизми“ со цел одржување на прекинот на огнот и зачувување на кредибилен пат кон долгорочен мир, вклучително и безбедност за Израелците и право на самоопределување за Палестинците.

Копредлагачи на законот се и конгресмените Меделин Дин, Вероника Ескобар, Крис Делузио, Бека Балинт, Џим Мекговерн, Џен Шаковски, Ро Кана, Џон Гараменди, Дон Бејер, Џил Токуда, Лојд Догет, Валери Фуши, Мајк Томпсон, Силвија Гарсија, Дорис Мацyи, Дерек Тран, Емили Рендал, Џаред Хафман, Марк Такано, Трој Картер, Чели Пингри, Бони Вотсон Колман, Марси Каптур, Бети Мекколум и Хоакин Кастро.

Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири